ХороскопДневен хороскоп за 23 декември 2024 година Дневен хороскоп за понеделник, 23. декември 2024 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами. Кариера Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите. Здравје и совет Комуницирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате. Кариера За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас. Здравје и совет Се враќате низ сеќавањата. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност. Кариера Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото. Здравје и совет Кашлица. Овен 21.3-20.4. Љубов Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот. Кариера Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите. Здравје и совет Во добра форма сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата. Кариера Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале. Здравје и совет Одличен ден за вработените. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале. Кариера Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Кариера Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе. Кариера На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата. Кариера Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица. Кариера Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство. Здравје и совет Одете до крај без двоумење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо. Кариера Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи. Здравје и совет Издржете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Кариера Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања. Здравје и совет Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 4. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 4. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста. Кариера Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи. Кариера Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Здравје и совет Се потрудивте да живеете уредно , што е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања. Кариера Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете. Здравје и совет Почнете да спортувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилно . Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе. Кариера Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор. Кариера Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите. Кариера Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни. Здравје и совет Нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете. Кариера Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совет Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време. Кариера Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Почнете со здрава исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна. Кариера Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика. Здравје и совет Причекајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите. Кариера Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаИлија Димовски и Гордан Георгиев во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Илија Димовски и Гордан ГеоргиевКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМоже ли да се онесвестите за време на паничен напад?Забрзано чукање на срцето, плитко дишење, вртоглавица и заматен вид се некои од симптомите што го придружуваат паничниот напад. Тие можат да создадат силно чувство дека ќе се онесвестите; сепак, вистинско губење на свеста за време на паничен напад се случува ретко. Паничниот напад предизвикува низа интензивни физички реакции кои делуваат страшно, особено ако ги доживувате за првпат. Разбирањето на она што се случува во вашето тело може да помогне да се намали стравот – кој, пак, често ги засилува самите симптоми. Зошто се јавува чувство дека ќе се онесвестите? За време на паничниот напад се активира механизмот на телото за одговор на опасност, познат како реакција „бори се или бегај“. Мозокот препознава закана (дури и кога таа всушност не постои) и поттикнува лачење на хормони на стрес, вклучително и адреналин. Како резултат на тоа, срцевиот ритам се забрзува, крвниот притисок расте, дишењето станува побрзо, а крвта се пренасочува кон мускулите за да го подготви телото за акција. Истовремено, може да дојде до хипервентилација – пребрзо или предлабоко дишење. Ова го намалува нивото на јаглерод диоксид во крвта, што може да доведе до вртоглавица, чувство на зашеметеност, трнење во рацете, стапалата или лицето, како и заматен вид. Некои луѓе може да се почувствуваат како да се одвоени од сопственото тело или од околината. Бидејќи овие симптоми наликуваат на оние што се јавуваат непосредно пред онесвестување, лесно е да се заклучи дека ќе ја изгубите свеста – иако, во повеќето случаи, тоа не се случува. Дали може да дојде до губење на свеста? Во повеќето случаи – не. За време на напад на паника, крвниот притисок обично се зголемува, додека до онесвестување најчесто доаѓа кога крвниот притисок ќе падне до тој степен што се намалува протокот на крв кон мозокот. Сепак, постојат исклучоци. Кај некои поединци, интензивниот страв, емоционалниот стрес или болката можат да предизвикаат вазовагален одговор, при што нагло опаѓаат и срцевиот ритам и крвниот притисок. Ова може да резултира со краткотрајно губење на свеста. Иако ваквата реакција не е типична за напад на паника, таа сепак е можна. Затоа, самото онесвестување не треба автоматски да се припишува на анксиозноста, особено ако се повторува или се случува во необични околности. Маѓепсаниот круг на стравот и симптомите Мозокот постојано ги следи сигналите од телото и се обидува да ги протолкува. Кога срцето чука забрзано, а начинот на дишење се менува, мозокот може да ги протолкува овие сензации како знаци на непосредна опасност. Ако се појави и вртоглавица, стравот од онесвестување може дополнително да ја засили анксиозноста. Ова создава маѓепсан круг: чувствувате вртоглавица, мислите дека ќе се онесвестите, станувате уште поанксиозни и почнувате да дишете побрзо – што, пак, може дополнително да ја влоши вртоглавицата. Препознавањето на оваа шема може да помогне да се прекине кругот на страв и физички симптоми. Важно е да се разбере дека чувството на недостаток на воздух или вртоглавица за време на хипервентилација не значи нужно дека на вашето тело му недостасува кислород. Како можат да се ублажат симптомите? Ако чувствувате дека ќе се онесвестите, обидете се да примените неколку едноставни техники. Забавете го дишењето. Дишете полека и тивко низ носот, а потоа нежно издишувајте преку устата. Не се присилувајте да вдишувате премногу длабоко, бидејќи тоа може дополнително да ја влоши хипервентилацијата. Седнете или легнете. Ако чувствувате силна вртоглавица, заземете безбедна положба и почекајте симптомите да се смират. Ова го намалува ризикот од пад и повреда доколку ја изгубите рамнотежата. Насочете го вниманието кон околината. Техниката за враќање во реалноста може да ви помогне да го тргнете фокусот од интензивното следење на физичките симптоми. Обидете се да идентификувате пет работи што можете да ги видите, четири работи што можете да ги почувствувате со допир, три звуци што можете да ги слушнете, два мириса што можете да ги почувствувате и еден вкус што можете да го осетите. Потсетете се што се случува. Ако ги препознаете симптомите на напад на паника, обидете се да си кажете: „Ова можеби е напад на паника. Чувството е непријатно и застрашувачко, но симптомите ќе поминат.“ Овој пристап може да помогне во намалувањето на стравот – особено ако сте доживеале слични епизоди и претходно, а лекар утврдил дека тие се поврзани со паника. Кога треба да побарате лекарска помош? Иако нападот на паника може да предизвика интензивни физички симптоми, не секоја појава на вртоглавица е резултат на анксиозност. Треба да побарате лекарски преглед доколку изгубите свест, доколку епизодите на онесвестување се повторуваат, доколку чувствувате постојана болка во градите или доколку развиете значителен недостиг на воздух што не може да се објасни со анксиозност. Особено е важно да преземете мерки доколку се појават нови невролошки симптоми – како што се слабост, тешкотии во говорот или збунетост – доколку имате познато срцево заболување или семејна историја на ненадејни срцеви проблеми, или пак, доколку чувството дека ќе се онесвестите се јавува за време на физички напор. Ненадејното губење на свеста, силната болка во градите, сериозните тешкотии со дишењето или ненадејната појава на невролошки симптоми бараат итна лекарска проценка. Извор: ordinacija.vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook