ХороскопДневен хороскоп за 23. декември 2020 годинаДневен хороскоп за среда, 23. декември 2020 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов Рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќер бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубоцвните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
Здравје16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар 16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија. Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата. Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрви парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот. -Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху. -Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот. Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата. Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа. -Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно. -На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел. -Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени. -Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта. 7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето. Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденцииНе смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ. Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот. Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook