Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
2Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
ХороскопДневен хороскоп за 23. август 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 23. август 2025 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Сѐ повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете се што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓаниЗабраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Тагови: визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter