Дневен хороскоп за 23. август 2021 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 23. август 2021 година

Дневен хороскоп за понеделник, 23. август 2021 година. 

Дневен хороскоп за 23. август 2021 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават.

Кариера

Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете.

Здравје и совет

Ќе сонувате убави сништа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат.

Здравје и совет

Пијте повеќе вода.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам.

Кариера

Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае.

Здравје и совет

Не се нервирајте поради ситници.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска.

Кариера

Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете.

Здравје и совет

Бидете посилни од другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот.

Кариера

Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси.

Здравје и совет

Одморете се во природа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер.

Кариера

Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете.

Кариера

Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се.

Здравје и совет

Несоница.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош.

Кариера

Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта .

Здравје и совет

Почнете да вежбате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво.

Кариера

Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста.

Здравје и совет

Откријте ја својата слаба точка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат.

Кариера

Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да гиз авршат задачите.

Здравје и совет

Опуштете се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво .

Кариера

Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата.

Здравје и совет

Мала нервоза.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа.

Кариера

Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите .

Здравје и совет

Не позајмувајте пари од пријатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Припадници на жандармеријата со автобуси влегоа во српскиот Парламент и зградите на Стариот дворец во Белград.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Полициското присуство е зголемено низ целиот центар на градот, а специјални сили се распоредени пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), објавува порталот nova.rs. Возилата што се користат за разбивање на протестите беа снимени во центарот на Белград, додека колона полициски комбиња беше забележана на автопатот, објави Излаз.

Зголемените безбедносни мерки доаѓаат на денот на предвремените парламентарни избори во Србија. 6.451.292 гласачи имаат право на глас, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, кои се отворени од 7 до 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за синхронизирано танцување во Кина.

Хуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Кинеската индустрија за хуманоидни роботи се движи од индивидуални демонстрации кон апликации од голем обем, а во сличен развој, 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено во градот Џинан, покраината Шандонг, Кина, во саботата, објави „Глобал тајмс“.

Вкупно 110 хуманоидни роботи „Експедиција А3“, развиени од кинеската компанија „АгиБот“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени во формацијата користејќи ја платформата за групна контрола „ЛинкБотс“ на компанијата и технологијата за ултра-широкопојасно позиционирање што овозможува точност на ниво на сантиметар.

„АгиБот“ соопшти дека сите 110 роботи изведувале синхронизирани движења без прекин, вклучувајќи менување позиции, скокање, превртување и менување формации.

Компанијата објави дека роботите ќе бидат распоредени во културни и туристички настани, јавни услуги, научни истражувања и образование, како и во други области. Претставник на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија на 19 октомври изјави дека кинеските компании развиле повеќе од 400 модели на хуманоидни роботи и произвеле повеќе од 40.000 единици во првата половина од оваа година, а се очекува годишното производство да надмине 100.000 единици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играч

Реал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа пред вечервашното Ел Класико против Барселона. 

Шок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играч

Мадридскиот клуб официјално објави дека Тибо Куртоа (34), нивниот прв голман и еден од најважните играчи, нема да игра во најголемото шпанско дерби. Причината е грипот, поради кој белгискиот репрезентативец се откажа од тимот во последен момент.

„Куртоа ќе го пропушти вечервашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона во 10-то коло од првенството поради грип. Илиа Волошин ќе го замени во тимот“, објави Реал Мадрид на својата официјална веб-страница.

Тоа е голем проблем за тренерот Жозе Мурињо, кој е без еден од своите најсигурни играчи пред еден од најважните натпревари во сезоната. Куртоа е стандарден прв голман за Реал, а неговиот квалитет и искуство доаѓаат до израз особено во најголемите натпревари.

Мурињо мора да ги промени плановите во последен момент

Се очекува Куртоа да биде заменет од украинскиот репрезентативец Андриј Лунин (27). Тој веќе покажа дека може успешно да го замени Белгиецот, особено во сезоната 2023/24, кога одигра важна улога во освојувањето на шпанското првенство и Лигата на шампионите од страна на Реал.

Сепак, отсуството на Куртоа е сериозен хендикеп за Мадрид. Белгиецот е еден од најдобрите голмани во светот со години, а пред натпреварот против Барселона, неговата способност да се брани и да го држи тимот во игра е особено важна.

Реал влегува во дербито шест бода зад лидерот Барселона, кој досега ги доби сите девет лигашки натпревари. Тимот на Ханси Флик би ја зголемил предноста на девет бода со победа, додека Реал би ја намалил разликата на само три бода со евентуална прослава.

Ел Класико ќе се игра вечерва од 21:00 часот на Камп Ноу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер