ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 23. август 2019 годинаДневен хороскоп за петок , 23. август 2019 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некој од вашето мнинато можеби ќе ве изненади и ќе внесе минлив немир . Сепак нема да си дозволите да се вознемирите. Врската ви е успешна. Кариера Не ве учеле понекогаш да бидете покорни , па сега ви е тешко кога доаѓаат такви денови. Издржете, ќе помине. Здравје и совет Имате право на забава. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата најсакана личност денеска ќе ви јаде од рака. Ќе бара ваша заштита и нежност. Кариера Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни на своите достигнувања. Со такво сознание ќе работите без никакви проблеми. Здравје и совет Внимавајте на провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе дојде до мали надмудрувања со саканата личност , но ќе успеете да ги надминете со хумор и интелигенција. Кариера Понекогаш ви изгледа како околу вас да има циркус. Сепак , тоа е само надворешна фасада , со која ќе мора да се справувате. Здравје и совет Излезете и забавувајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска со саканата личност би можеле да пловите во светот на сништата. Кај пореалните веројатно е одење на кино. Кариера Оние кои се на годишен одмор , ќе му се посветат на домот , а оние кои работат ќе настојуваат што побргу да си дојдат дома. Здравје и совет Повеќе соработувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Личноста со која ќе се сретнете во друштво , би можела навистина да ве изненади со својата ексцентричност. Кариера Работите за кои се бара познавање на странски јазици , ќе се актуелизираат. Можеби тоа нема да биде јазикот што го знаете. Здравје и совет Внимавајте на инфекции. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Од идеја до реализација , а денеска малку ќе скршнете во светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред себе онаква каква што е. Кариера Ќе се послужите со многу креативна идеја за дфа решите мал деловен проблем. Здравје и совет Внимателно разгледајте ги сите опции. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите ќе биде воодушевувачка. Единствено е важно да не зборувате премногу и сенешто. Кариера Можното деловно патување ќе биде интересно. Доколку не патувате, можни се бројни деловни контакти. Здравје и совет Внимавајте на вирози. Овен 21.3-20.4. Љубов Одличен ден за секаков вид дружење и поврзувања со луѓе. Ќе бидете отворени , слободни и подготвени за сите опции. Кариера Можеби некои други сега се центар на настаните на работниото место , но вие продолжете да си ја работите работата во мир и тишина. Здравје и совет Добро ќе функционирате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатнио и неврзано дружење. Некои ќе најдат љубов преку пријателите. Кариера Новите работни задачи ќе бараат повеќе креативност и смисол работите да ги поставите на нов начин или делумно да се смените. Здравје и совет Радувајте им се на своите успеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе има мал отпор околу можна забава, но бргу ќе се договорите. Партнерот ќе ве поддржи. Кариера На работа ќе бидете само толку колку да ги одработите ситните задачи што сте ги заборавиле. Потоа ќе си заминете дома. Здравје и совет Опуштете се убаво поминете си без оглед на се. Рак 22.6-22.7. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен отколку што сте мислеле на почетокот. Од таму и опуштеноста и среќата. Кариера Со задоволство би ,,посоветувале” некои свои соработници , но ако тоа го направите , би можело да дојде до голема кавга. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да ги заборавите старите недоразбирања и својот однос повторно да го издигнете на повисоко ниво. Заедно ќе уживате. Кариера Истакнете ги своите резултати за да ги победите оние кои ве критикувале. Достигнувањата се единствен важен аргумент. Здравје и совет Потребно ви е повеќе спиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook