Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
1Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
2По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
ХороскопДневен хороскоп за 23. април 2022 година Дневен хороскоп за сабота, 23 април 2022 година.Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли. Кариера Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство. Здравје и совет Радувајте се на личните успеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти. Кариера Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму. Здравје и совет Не се брзајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму. Здравје и совет Ќе бидете среќни. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми. Кариера Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив. Здравје и совет Побарајте весели содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери. Кариера Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува. Здравје и совет Ќе бидете малку забавени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување. Кариера Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро. Здравје и совет Посетете стоматолог. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите. Кариера Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни. Здравје и совет Ограничете ги калориите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи. Кариера Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува. Здравје и совет Зацврстете си го телото. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов. Кариера Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден. Кариера Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка. Здравје и совет Смирите се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го. Кариера Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики. Кариера Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи. Здравје и совет Нервоза и немир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг. Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање. „Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата. Таа често зборува за врската со Косово Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче. За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - КичевоСо специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски.Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски, кој денеска беше на увид на свлечиштата на овој дел од автопатската делница. Како што изјави Николоски тука има црна графитна земја која е најнестабилна и има многу вода, а зафатот за стабилизацијата се реализира во моментов со три од вкупно пет машини, сите доагаат од надвор, тешки по 130 тона. Со нив се влегува од 20 до 18 метри во длабочина, што е околу 7 до 11 ката од зграда.. Потоа таму се спуштаат арматурни кафези со железо , тешки по 30 тона. Оваа инженерска техника за првпат се користи кај нас, а ја изработиле најдобри домашни и странски умови. Во првата половина од наредната година ќе имаме автопат за првпат пуштен со употребна дозвола, изјави Николски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за деветмината полициски службеници обвинети во случајот со трагедијата во „Пулс“Сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, при една од полициските контроли не ја дал на увид лиценцата за работа, сведочеше денеска инспекторка од СВР Штип. Денеска продолжи судењето против 9те полициски службеници кои дале согласност дискотеката Пулс во Кочани да добие лиценца во 2022 и 2023 година. Таа како хаотична ја опиша сликата пред Пулс за време на акциските контроли, пристапот до објектот бил отежнат поради големиот број паркирани возила. -На барање на колегата Кузмановски кој таа вечер беше одговорен на акцискиот план, во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“. Од страна на сопственикот Дејан Јованов, лиценцата не ни беше покажана, ниту дадена на увид со објаснување дека е многу доцна да го бара книговодителот бидејќи не е во просториите на дискотеката и ќе ја донесе во понеделник. Ги има поднесено документите за обновување на лиценццата пред 15 дена во Скопје и тврдеше во тој момент дека лиценцата има важност до 31 март 2023 година,- - Деспина Симеонова – Инспектор во СВР Штип. И сега пензиониран полициски службеник раскажа дека при конттроли во Пулс во периодот на 2023 година регистрирале повеќе нарушувања на јавниот ред и мир. Со денешните сведоци се исцрпува листата на докази на обвинителството. -Секоја една информација дадена од нивна страна по однос на поставени прашања има значење за она што се наведува во обвинението како терет на присутните обвинети. – Спасенка Андонова – Обвинител ОЈО ГОКК. Адвокатот на првообвинетиот и денеска реагираше дека иако побарале од институциите се уште не им даваат клучни докази кои треба да бидат дел од нивната одбрана. -Имавме барање до СВР Штип да се издаде и пронајде оригиналниот документ кој го имаше во фаза на истрага во претходната постапка, а сега го нема. Не знаеме од кои мотиви го крие тој доказ,- Емил Недков – Адвокат. Во овој предмет 9те полициски службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. За едниот случај со 3 полициски службеници е изречена условна пресуда а се уште е во тек судската постпка против 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во Пулс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter