Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки
Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!
1Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки
2Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 23. април 2021 годинаДневен хороскоп за петок, 23. април 2021 година.Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е дека ќе изгубите некакви илузии во врска со саканата личност. Тоа ќе биде мал напредок во вашето созревање. Кариера И со каква работа да се занимавате , денеска ќе ви оди од рака. Работите ќе се решаваат самите од себе , а вие само ќе ги контролирате. Здравје и совет Наспијте се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Одличен ден за излегувања , забава и нови познанаства. Се што е поврзано со тоа ,ќе ви оди од рака. Придвижете се. Кариера Самостојните професии денеска ќе размислуваат за смисолот на она што го работат. Некои одлуки оставете ги за утре кога се ќе биде појасно. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас. Рак 22.6-22.7. Љубов Едно излегување би можело да се покаже посериозно отколку што сте очекувале. Ќе стане збор за многу важни теми. Кариера Работите во кои се бара остроумност и специфични таленти денеска ви се многу добро поставени. Здравје и совет Бидете поодговорни. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе дојде до отвореност на сите можности кога станува збор за љубовта. Кариера Секој ваш потег е исто толку добар , како и на другите колеги. затоа , немојте да мислите дека нешто може да скриете. Здравје и совет Прифатете ја реалноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе препознавате убавина околу себе и со доблесни намери ќе им пристапувате на лицата кои ви се допаѓаат. Кариера Веројатни се подготовки за краток службен пат , каде треба да ви се случат убави нешта. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Вага 24.9.-23.10 Љубов Поволни љубовни можност ќе се појават и денеска . Излегување, блискост со саканата личност , задоволство и среќа се тука. Кариера Службено пшатување или движење во одредени кругови може да биде добро како инспирација за оригинален деловен план. Не се сомневајте во своите идеи,. одлични се. Здравје и совет Се се одвива според планот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска е денот што ветува многу на љубовен план. Се ќе упатува на хармонија, размена на идеи , телепатско разбирање и поврзување. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денот е идеален за неврзано дружење со кафенце . Излезете , разговарајте со драги луѓе или со саканата личност. Кариера Не е спорно дека вие сте заслужни за успеси , но спорно е колкав е вашиот удел. Можеби тоа ќе се мери. Здравје и совет Во право сте што негувате природен изглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве обземат емоции на кои е најдобро да им се препуштите. Вашето срце ќе ви биде јасен патоказ за тоа што треба да се направи. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализи. Ако има големи отстапувања, ќе ги решавате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ве очекува добраз абава со пријателите. Некои меѓу нив или со нивна помош ќе сретнат нова љубов. Кариера Ќе бидете сигурни во своите дела и ќе настојувате планот да го изведете до крај, но тоа ќе биде доста напорно. Сметајте на тоа. Здравје и совет Внимавајте на провев. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата потреба емотивно дас е изразите ќе биде се посилна , па на партнерот ќе му шепотите нежни зборови. Кариера Цврсто го држите кормилото во свои раце и покрај минливите проблеми. ќе успеете да решите помала препрека. Здравје и совет Интересни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе играте на сигурно. Ќе ја однесете саканата личност таму каде што знаете дека има добра забава . Ќе успеете. Кариера Ќе се покажете не само како одличен работник , туку и како многу добар советник за секаков вид работа. Здравје и совет Одете таму каде штио се чувствувате добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројкиДурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата.На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, кој ќе претставува основа за креирање квалитетни економски и социјални политики. „Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата. Податоците треба да ни служат како основа за носење одговорни одлуки и мерки што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и заштита на куповната моќ на граѓаните“, нагласи министерот Дурмиши. Според податоците на Министерството за економија и труд, просечната потрошувачка кошница за септември 2026 година изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство, што претставува намалување од 358 денари, односно 0,6 проценти во однос на август. Истовремено, во споредба со јануари годинава, вредноста на кошницата е зголемена за 1.736 денари или 3,1 процент. Министерот посочи дека овие податоци ја потврдуваат потребата од континуирано следење на ценовните движења, но и од внимателно согледување на притисоците врз семејните буџети. Во рамки на седницата беше образложена и методологијата за пресметка на потрошувачката кошница, која опфаќа 11 категории на трошоци и 101 прехранбен производ. Пресметката се темели на податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, информации за цените на овошјето и зеленчукот од 23 пазари, како и податоци од пет големи и три регионални трговски синџири. Со ваквиот пристап, Министерството обезбедува поширок опфат на цените и потрошувачката на ниво на целата држава, со цел да се добие порепрезентативна слика за трошоците на домаќинствата. Во однос на разликите со другите пресметки на потрошувачката кошница, министерот појасни дека тие произлегуваат од различната структура, опфатот и изворите на податоци. Најизразените разлики се забележуваат кај храната и пијалаците, облеката и обувките, образованието, домувањето и комуналните трошоци, додека во одредени категории, како одржувањето на домаќинството, рекреацијата и културата, пресметката на Министерството покажува повисоки вредности. „Различните пресметки не треба да бидат причина за меѓусебно оспорување, туку поттик за конструктивна дискусија и креирање политики засновани на релевантни податоци. Ниту една статистика не може да ја замени реалната грижа за куповната моќ, економската сигурност и достоинствениот живот на граѓаните“, истакна Дурмиши. Покрај потрошувачката кошница, на седницата на Економско-социјалниот совет беа отворени и прашањата поврзани со неработните денови, работата во недела, можностите за воведување четиридневна работна недела, како и регулирањето на пензискиот стаж. Министерот нагласи дека сите овие прашања бараат внимателно разгледување, усогласување на различните интереси и активна вклученост на социјалните партнери. „Економско-социјалниот совет е местото каде што ги слушаме аргументите на синдикатите, работодавачите и институциите. Нашата определба е преку отворен и конструктивен социјален дијалог да доаѓаме до решенија што ќе ги штитат правата на работниците, ќе обезбедат предвидливост за работодавачите и ќе придонесат за подобар животен стандард“, порача министерот Дурмиши. Министерството за економија и труд останува посветено на унапредување на социјалниот дијалог, транспарентното следење на економските показатели и креирањето одржливи политики насочени кон подобрување на условите за работа и живот на сите граѓани.Тагови: Дурмиши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаМинчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!Професионалната администрација не се гради со декларации, туку со знаење, одговорност и конкретни резултати. Институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа и услугите што ги добиваат граѓаните. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој денеска од Прилеп се обрати на вториот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година. „Не е доволно да имаме закони и процедури ако немаме луѓе што знаат доследно да ги применуваат. Знаењето без примена останува потенцијал, професионалноста без одговорност е само декларација, а работата без резултати не ја исполнува својата цел. Нашата обврска е да изградиме администрација што знае, умее и испорачува!“ истакна Минчев. Сржта на оваа определба е Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, чиј почеток со работа е планиран за 1 јануари 2027 година. Академијата треба да воспостави систем во кој учењето нема да биде повремена активност, туку континуиран процес, а професионалниот развој составен дел од работата на секој административен службеник. „Академијата не е само место за обуки, туку темел на администрацијата што сакаме да ја изградиме. Не можеме да очекуваме подобри услуги ако не вложуваме во луѓето што ги обезбедуваат. Затоа воспоставуваме систем што ќе го развива знаењето, ќе ги унапредува професионалните компетенции и ќе ја зајакнува одговорноста. Силата на институциите почнува со квалитетот на луѓето, а нивната вредност се докажува со резултатите што ги испорачуваат“ порача министерот. Во тек се подготовките за функционирање на Академијата, развојот на програмите и модулите за обука, унапредувањето на системот за електронско учење (ЛМС) и обезбедувањето услови за спроведување обуките. Министерството за јавна администрација продолжува со реализацијата на генеричките обуки како дел од поширокиот процес на јакнење на административните капацитети. Знаењето е почетната точка на реформите, професионалноста е нивниот стандард, а конкретните резултати во работата на институциите се мерилото според кое граѓаните ќе го препознаат нивниот успех. Ви благодариме. Со почит, Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦелосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и МралиноОпштина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти. Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани. Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата. Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација. Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните. Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter