Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
2Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
ХороскопДневен хороскоп за 23.3.2019Дневен хороскоп за сабота, 23 март 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни. Кариера Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат. Здравје и совет Морате да се приберете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени. Кариера Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле. Здравје и совет Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас. Кариера Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им. Здравје и совет Не ви треба совет , знаете на што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени. Кариера Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување. Здравје и совет Бидете паметни. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се . Здравје и совет Размислувате за диета. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси. Кариера Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина. Здравје и совет Не очекувајте чуда. Вага 24.9.-23.10 Љубов Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна. Кариера Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите. Здравје и совет Мали преодни грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени. Кариера Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи. Здравје и совет Подобро да трчате отколку да озборувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан. Кариера Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш. Здравје и совет Држете се до своите принципи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања. Кариера Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство. Здравје и совет Подготвени сте за акција на работното место. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите. Кариера Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место. Здравје и совет Покажете се што знаете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред. Кариера Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите. Здравје и совет Ќе има чудни сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев: Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, ...-Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, компетенциите и развој на административните службеници.Рим, Италија - 02.10.2025 Создавање современ систем за професионален развој на административните службеници, развој на нова генерација раководители и воспоставување силна институција за обука и развој на администрацијата беа во фокусот на работната посета на министерот за јавна администрација Горан Минчев на Националото училиште за јавна администрација на Италија - SNA. На средбата со претседателот на националното училиште за јавна администрација, проф. Џенаро Терачано, министерот Минчев разговараше за конкретни можности за продлабочување на соработката меѓу двете институции, особено во пресрет на воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници во Македонија. Националното училиште за јавна администрација на Италија - SNA, е институција на Претседателството на Советот на министри на Италија, со значајна улога во регрутирањето и обуката на државните службеници и раководители, како и во истражувањето и развојот на капацитетите на јавната администрација. Во фокусот на разговорот беше воспоставувањето директен институционален канал за соработка меѓу SNA и идната Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници. „За нас, Академијата не е само нова институција, туку нов пристап кон професионалниот развој на администрацијата. Го воспоставуваме системот во кој знаењето, компетенциите и континуираното усовршување стануваат темел на современата јавна администрација. Токму затоа ни е важно да учиме од искуствата на институции како SNA, кои имаат долгогодишно искуство во развојот на административниот и раководниот кадар.“- истакна министерот Минчев. Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници беше донесен во 2025 година и претставува основа за формирање на Академијата како орган во состав во рамки на Министерството за јавна администрација, која започнува со работа во јануари 2027 година. Академијата ќе воспостави систем во кој обуките ќе се планираат врз основа на реалните потреби на институциите, нововработените службеници ќе поминуваат задолжителна почетна обука и испит, а раководниот кадар ќе има обврска за професионално усовршување по унапредувањето. Системот предвидува и регулиран статус на обучувачите, база на обучувачи, евалуација на програмите и обучувачите, како и истражувачка и аналитичка дејност. „Со ова воспоставуваме институционален механизам што досега недостасуваше - системски да се планира, спроведува и мери професионалниот развој на административните службеници. Не сакаме обуките да бидат само формално исполнување на обврска. Сакаме тие да создаваат знаење и компетенции што директно ќе се преточат во подобра работа на институциите и подобри услуги за граѓаните.“ - порача Минчев. Министерот Минчев го претстави и новиот начин за именување и назначување на високите раководители во јавниот сектор, утврден со неодамна донесениот Закон за високи раководители, и изрази интерес за размена на искуства со SNA во однос на утврдувањето на раководните компетенции и планирање на раководните програми за обука. На средбата беа разгледани и конкретни можности за соработка преку размена на специјализирани програми и методологии, обучувачи и експерти, студиски посети, заеднички истражувања и размена на искуства во областа на развојот на високите раководители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИгор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМРазговори за иднината во 12:05.Денес, петок, 02 октомври, Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на “Бихакќа” ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ. Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ЗабаваУтре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје. Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanokКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00