Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
ХороскопДневен хороскоп за 23.2.2019Дневен хороскоп за сабота, 23. февруари 2019. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можни се проблеми во поширокото семејство , така што ќе немате време за љубов или за партнерот. Кариера Уметниците и креативните денеска ќе ги изразуваат експресионистичките идеи пред угледна публика. Здравје Внимавајте на фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе доживеат блиска средба со личност од своето љубовно минато. Други само ќе размислуваат за такво нешто. Кариера Атмосферата на работното место би можела да биде напната . Ништо не форсирајте , туку повлечете се и причекајте до утре. Здравје Премногу силни емоции. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска посебно ќе блескате што ќе биде препознаено од речиси секого. Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа. Кариера Во конкретните работи , како и во услужните дејности , работите ќе ви одат од рака. Уметниците денеска нека мируваат. Здравје Блескате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно ќе бидете во ситуација да покажете колку сте ранливи и емотивни. Другата страна ќе ве разбере. Кариера Ќе смислите нови идеи , со кои би можеле да ги зголемите приходите. Се треба да договорите со колегите. Здравје Немојте да се опијаните , зашто тоа нема да излезе на добро. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно ќе се заплеткате во уште една љубовна илузија , каде нема да се знае кој пие , а кој плаќа. Кариера Оние кои одмораат , ќе успеат да се опуштат . Оние кои работат , ќе гледат што побргу да ги завршат обврските. Здравје Најдобро е да го преспиете денов. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можело да се случи денеска да увидите дека на некои работи едноставно им е истечен рокот на траење. Кариера Ќе ви падне на памет идеја , со која целосно би можеле да го смените системот на вашата работа. Здравје Вашата смисла за хумор веројатно ќе ве напушти. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои од вашите пријатели денеска би можел да ве растажи . Саканата личност ќе успее да ве утеши. Кариера Ќе се замислувате на бина и ќе посакате да слушнете аплауз од публиката . Тоа некои навистина ќе го доживеат. Здравје Трпение , спасение. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денеска многу полесно се дише , а кај вас повторно расте оптимизмот, среќата и задовокството. Истото се однесува и за вашиот партнер. Кариера Бидете максимално тактични во секоја соработка. Ако треба , почекајте до утре и се ќе си дојде на своето место. Здравје Ќе се разведрите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во душата ќе почиствувате олеснување , но и натаму ќе треба да и се прилагодувате на другата страна , зашто таа ќе ги држи конците во своите раце. Кариера Денеска веројатно ништо нема да ви оди од рака. Помирете се со тоа и почекајте до утре , кога се ќе ви изгледа подобро. Здравје Имунитетот и натаму ви е слаб. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе поминува денот , се повеќе ќе ви станува јасно колку се сакате , но кај вас ќе расте и потребата за доминација над партнерот. Кариера Студентите нека бидат внимателни и нека не се залетуваат. За другите вообичаен ден. Здравје Мали емотивни турбуленции. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате силна поврзаност со семејството . Ќе имате потреба да останете дома и да уживате. Кариера Би било добро да го одложите деловното патување – барем до утре. Ако морате да патувате , сметајте на проблеми во транспортот . Здравје Сакате промени. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони подлабоко да ги проучите своите приватни односи. Некои ќе се решат да постават нови насоки и граници. Кариера Опасноста мина и повторно можете да соработувате без грижи. На дневен ред доаѓаат финансиските теми. Здравје Пад на имунитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на средба со првите луѓе на Дојче ТелекомДенеска остварив работна средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес, и членот на Управниот одбор и ГИД за Европа, Доминик Лерој.Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и привлекување нови инвестиции во дигиталната трансформација, развојот на вештачката интелигенција, современите комуникациски технологии и сајбер-безбедноста. Посебен акцент ставивме на технолошкиот развој, дигиталниот суверенитет и концептот на паметен и безбеден град, како важни предуслови за модерна, конкурентна и дигитално развиена држава, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00