ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
3Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
ХороскопДневен хороскоп за 22.септември 2020 годинаДневен хороскоп за вторник ,22.септември 2020 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате. Кариера Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори. Здравје и совет Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами. Кариера Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок. Здравје и совет Продолжете понатаму. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои минуваат ниоз искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас. Кариера Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате. Здравје и совет Внимавајте на исхраната. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате. Кариера Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето. Кариера Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции. Здравје и совет Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот. Кариера Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно. Здравје и совет Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Посветеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила. Кариера Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи. Кариера Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава. Здравје и совет Може да ги предлагате своите идеи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи. Кариера Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално. Здравје и совет Издржете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она штѕо ќе го кажете нема да наидфе на разбирање. Запрете. Кариера Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно. Здравје и совет Нека ве води вашето знаење. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака. Кариера Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата. Здравје и совет Не правете ништо на своја рака. Лав 23.7-22.8. Љубов Знаетед ека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни. Кариера Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро. Здравје и совет Вие сте комплетна личност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 кг. домати 2 благи пиперки 2 лути пиперки 3 - 4 чешниња лук 3 моркови 300 гр. сирење 1 пакување пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед! Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија. Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот. „Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш. Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби. Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети. Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели. Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот. Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39