ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 22. ноември 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 22. ноември 2025 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени. Кариера Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи. Здравје и совет Подобро да трчате отколку да озборувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан. Кариера Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш. Здравје и совет Држете се до своите принципи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања. Кариера Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство. Здравје и совет Подготвени сте за акција на работното место. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите. Кариера Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место. Здравје и совет Покажете се што знаете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во случај дас е посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред. Кариера Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите. Здравје и совет Ќе има чудни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни. Кариера Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат. Здравје и совет Морате да се приберете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени. Кариера Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле. Здравје и совет Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас. Кариера Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им. Здравје и совет Не ви треба совет , знаете на што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени. Кариера Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување. Здравје и совет Бидете паметни. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се . Здравје и совет Размислувате за диета. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси. Кариера Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина. Здравје и совет Не очекувајте чуда. Вага 24.9.-23.10 Љубов Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна. Кариера Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите. Здравје и совет Мали преодни грижи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37