3Пентагон истражува хакерски напад на фрижидери- по супермаркетите во Франција, на удар се воени бази во САД
ХороскопДневен хороскоп за 22. ноември 2020 годинаДневен хороскоп за недела,22. ноември 2020 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов. Кариера Контактите ви се добри , комуникациите пријатни , стабилни сте и цврстиво своите деловни планови. Здравје Не сте расположени , иако нема причина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во квалитетните приватни односи , ќе се замешаат некои прашања кои се непотребни. Ќе се покаже подоцна дека тие биле само губење време. Кариера Не заборавајте да направите попис на важните и на помалку важните задачи на работа , а особено ако размислувате за измени. Здравје Почитувајте го трудот на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе наидете на мали разлики и повторно ќе се соедините во хармонична двојка. Ќе бидете задоволни и подготвениз а секаков вид уживање. Кариера Вашите шефови денеска ќе покажат смисол за креативност , но ќе бидат необјективни во одлучувањето. Здравје Проверувајте го рокот на продуктите што ги конзумирате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои премногу ќе се занимаваат со анализи , а помалку со љубовни дела.Во случај нешто да ви недостасува , свртете се кон ова второто. Кариера Би сакале да добиете одговори на одредени теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се. Здравје Верувајте во подобро утре. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пријатни сте за околината , ве сакаат и ценат , зрачите со самоувереност.Сите тие се добитни комбинации за љубов. Кариера Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете да работите повеќе и подобро. Затоа знаете дека и резултатите ќе бидат одлични. Здравје Продолжете понатаму. Овен 21.3-20.4. Љубов Мали нервози ќе внесуваат преоден немир во односите , но и ќе ве поттикнуваат повеќе да се ангажирате. Кариера Ќе ви недостига чувството на слобода. Притисоците за да ги завршите навреме обврските сега ги чувствувате како товар. Здравје Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне кон сите лични проблеми да пристапите филозофски и со стил. Кариера Добивате шанса зада го покажете своето знаење во областа на креативната уметност или декорација. Здравје Одморете го долниот дел од рбетот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Би можеле да барате изговор за вашите мали испади. Немојте да лажете , туку бидете искрени. Кариера Веројатен е контакт или деловна кореспонденција со луѓе поврзани со море или вода. Добро ќе соработувате. Здравје Бидете појасни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен период продолжува и денеска. Ќе бидете интерсни , како за себе , така и за другите. Кариера Денеска во финанасиските прашања би можеле да се покажете како вистибнски волшебник , кој може да реши секаков проблем. Здравје Во одлична форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе настојувате да се опуштите во пријатен круг на ваши блиски луѓе и така да го надминете незадоволството од приватните односи. Кариера Додека чекате одговори на некои опд порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат. Здравје Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се трудите да бидете поопуштени и да заземете пријателски став за да ја надминете дистанцата во приватните односи. Кариера Вашите заслуги не се спорни , но ќе очекувате повеќе да ве разгалуваат. Шефовите тоа ќе го препознаат , но ќе има такви кои ќе негодуваат. Здравје Ништо не мора да се направи по секоја цена. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако се обидете да најдете некоја стара тема во односот со саканата личност , тоа ќе ве растревожи , иако врската и натаму ви е многу добра. Кариера Ништо не можете да прескокнете , иако би посакале да е така.Секое скалило на успехот треба да го одработите од почеток до крај. Здравје Поработете на својата спонтаност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ЕвропаФранцуски закон предизвика критики- ќе се казнуваат и оние демонстранти кои не кршеле и ограбувалеНовиот француски закон, кој предвидува казни до 10.000 евра за учесниците во немирите кои предизвикуваат штета, предизвика остри реакции од здруженијата за човекови права и од некои адвокати. Тие веруваат дека ова го загрозува фундаменталното демократско право на протест, објавува Ројтерс. Со овој потег, владата на претседателот Емануел Макрон се обидува да ги потисне неколкунеделните социјални протести и едни од најсериозните немири во Франција во последните години. Владата вели дека законот е неопходен за да се обесштетат жртвите на вандализам што често ги придружува протестите, како што се грабежи и немири што се проширија низ целата земја на 17 октомври. Holding protesters responsible – and making them pay – for acts committed by others would be contrary to France’s international obligations. https://t.co/FCQsUZYd73 — Amnesty International USA (@amnestyusa) October 26, 2026 Критичарите предупредуваат дека законот, за кој парламентот дебатира оваа недела, е формулиран на таков начин што дури и мирните демонстранти, кои се наоѓаат во близина на насилството, би можеле да бидат одговорни и гонети. „На маргините на протестите, може да има поединци склони кон насилство и уништување, во кои огромното мнозинство мирни и легитимни демонстранти не учествуваат“, рече Хана Бушареб, адвокатка од Париз која ги застапуваше некои од обвинетите во забрзана постапка по немирите од 17 октомври. „Тоа е голем проблем бидејќи го поткопува правото на протест“, изјави таа за Ројтерс. Во текстот се наведува дека секој што свесно бил дел од група ќе сноси заедничка одговорност за сите штети направени од кој било член на таа група. Законот, исто така, ќе ѝ дозволи на државата да ги одземе социјалните бенефиции од осудените лица за да ги покрие трошоците. Доколку се малолетници, средствата ќе бидат одземени од нивните родители. France is handing out slaps on the wrist to rioters and looters. No real jail time, just community service and electronic bracelets. Law-abiding citizens suffer while criminals face ZERO real consequences. Absolute weakness from French leadership— justice is broken! https://t.co/UTcsDfaOyb — Ryan Fournier (@RyanAFournier) October 21, 2026 Одговор на Владата Француските претприемачи и трговци известуваат дека претрпеле загуби во милиони евра поради грабежи и уништување на имот, или затоа што морале да ги затворат продавниците и да ги заштитат своите прозорци. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез ги отфрла тврдењата дека законот го крши принципот дека поединците се единствено одговорни за своите постапки. Нуњез му ја понуди својата оставка на Макрон минатата недела откако демонстрантите ги совладаа безбедносните сили, но претседателот го замоли да остане. „Овој закон воведува заедничка, а не колективна одговорност“, изјави Нуњез за телевизијата TF1. Политички поделби и поширокиот контекст Француската лига за човекови права (LDH) и синдикатите не се согласуваат со оваа разлика, а во колумна за весникот Le Monde побараа повлекување на законот. Обвинувањата против полицијата не се нови. Уште во 2020 година, полицијата беше обвинета за прекумерна сила против „жолтите елеци“, а законот што забрануваше објавување видеа од полицајци во одредени околности исто така беше критикуван, иако подоцна беше олабавен. Во последните недели, демонстрантите повторно ја обвинија полицијата за бруталност против студентите, а адвокати како Бушареб изразија правни загрижености во врска со брзото изрекување пресуда на некои од обвинетите за немири. Поддржувачите на новиот закон се повикуваат на анкети што покажуваат широка јавна поддршка. Партијата Национален собир (RN) на Марин Ле Пен, фаворит на крајната десница за претседателските избори следната година, вели дека ќе оди чекор понатаму. „Законот против вандалите е добар затоа што го воведува принципот на споделена одговорност“, изјави сенаторката од RN, Едвиж Дијаз, за француската телевизија. „Но, не треба да има ограничување од 10.000 евра“.Тагови: демонстранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СудбинаЛеопард уби жена во Холандија Долгогодишна вработена во сафари парк во Холандија почина денеска од повредите здобиени кога била нападната од леопард во нејзиниот ограден простор за време на викендот.Сафари паркот Бексе Берген соопшти дека жената, чие име не е објавено во согласност со холандските закони за приватност, починала откако во саботата претрпела сериозни повреди на главата и вратот додека работела во ограден простор во кој биле сместени два машки персиски леопарди, објави АП. „Нејзината смрт длабоко нè погоди и нашето искрено сочувство е до нејзиното семејство, пријателите и сите блиски до неа“, се вели во соопштението на зоолошката градина во јужниот град Хилваренбек, издадено во договор со семејството на починатиот. Жената почнала да работи во сафари паркот на 17-годишна возраст и таму го поминала поголемиот дел од својата 40-годишна кариера. Во тек е истрага за да се утврди зошто жената била во оградениот простор со леопардите. На вработените во зоолошката градина вообичаено не им е дозволено да бидат во истата област со грабливи животни. Според раководството на паркот, жената успеала да ги извести колегите преку радио дека е повредена. Во саботата околу 11 часот по локално време во паркот беа испратени брза помош и медицински хеликоптер. Жената беше итно оперирана, но нејзината состојба се влоши во недела навечер, кога паркот објави дека не се очекува да преживее. Управата на сафари-паркот објави дека во еден дел од комплексот ќе биде поставено место каде што посетителите и вработените ќе можат да остават пораки со сочувство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ЕвропаПутин за санкциите на ЕУ: Кој на друг јама му копа, сам во неа пропаѓа Рускиот претседател Владимир Путин на самитот на земјите извознички на гас во Москва изјави дека обидите за исфрлање на Русија од светскиот пазар на гас ги зголемуваат трошоците за потрошувачите .Рускиот претседател Владимир Путин на самитот на земјите извознички на гас во Москва изјави дека обидите за исфрлање на Русија од светскиот пазар на гас ги зголемуваат трошоците за потрошувачите и дека Европската Унија ѝ штети на сопствената индустрија и општествен систем со откажување од руските извори на енергија. „Сите обиди за исклучување на Русија имаат сериозни последици. Прво на сите, трошоците за странските крајни потрошувачи на гас, компаниите, претпријатијата и домаќинствата растат. Токму ова го гледаме во Европа, која самата нанесува удар на својата индустрија и општествена сфера со откажување од руските извори на енергија и раскинување на долгорочните договори“, рече Путин. „Кој копа јама на друг...“ Потоа рускиот претседател цитираше поговорка за да ја опише европската енергетска политика. „Имаме една изрека: Не копај јама на друг бидејќи самиот ќе паднеш во неа. Токму ова им се случи на земјите од Европската Унија“, рече тој. Путин нагласи дека Русија останува еден од клучните учесници на светскиот пазар на гас. Според него, Русија има најголеми потврдени резерви на природен гас во светот и е втор најголем производител. Путин рече дека глобалната побарувачка за гас ќе продолжи да расте и ги повика земјите извознички да го зголемат производството, да инвестираат во нови наоѓалишта и да ја прошират инфраструктурата за преработка, транспорт и течен природен гас. Според податоците што ги презентираше, минатата година светската потрошувачка на гас се зголеми за 1,2 проценти, на околу 4,2 трилиони кубни метри. Тој процени дека до средината на векот би можела да достигне околу 5,5 трилиони кубни метри годишно. Тој ги наведе долгорочните договори како еден од неговите приоритети, за кои тврди дека им обезбедуваат на клиентите стабилност на снабдувањето, а на производителите безбедност потребна за големи инвестиции. Тој ја спомена и соработката со САД Путин, исто така, рече дека Русија ја разгледува можноста за соработка со американски партнери во гасниот сектор, откако САД се откажаа од санкциите. Тој не даде повеќе детали за можните проекти или компании што би учествувале во таквата соработка. Ги покани членовите на Форумот на земји извознички на гас на поинтензивни консултации во кризни ситуации со цел порано да се препознаат ризиците за светскиот пазар. Како меѓу проблемите, тој ги наведе геополитичките тензии, прекините на транспортните правци, ограничувањата на пристапот до технологија и нападите врз енергетската инфраструктура. Претставници на 12-те членки на Форумот на земјите извознички на гас, вклучувајќи ги Русија, Иран, Катар, Алжир, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Либија, Нигерија и Венецуела, учествуваат на самитот во Москва. Членовите заедно имаат приближно 70 проценти од докажаните резерви на природен гас во светот. Тие сочинуваат околу 38 проценти од светското производство, 42 проценти од извозот на гас и приближно 47 проценти од глобалниот извоз на течен природен гас. ЕУ постепено го забранува рускиот гас Путин ги повика членовите да градат соработка врз основа на сопствените технологии, со отворена трговија и почитување на интересите на производителите и купувачите. Тој го наведе ОПЕК+ како пример за координација на енергетскиот пазар, но рече дека на пазарот на гас му се потребни сопствени механизми. Порано оваа година, Европската унија усвои регулативи за постепено елиминирање на увозот на руски гас. За долгорочни договори, забраната за увоз на руски течен природен гас (LNG) треба да се применува од 1 јануари 2027 година, а увозот на гас преку гасоводи од 30 септември 2027 година. Рускиот вицепремиер Александар Новак на маргините на самитот изјави дека Москва е подготвена повторно да ги зголеми испораките до европските земји доколку тие го сакаат тоа. Тој додаде дека во меѓувреме, Русија развива инфраструктура кон пазарите каде што потрошувачката на гас расте.Тагови: Владимир Путин санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter