ХороскопДневен хороскоп за 22. март 2023 година Дневен хороскоп за среда, 22. март 2023 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавбајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Живот Исповеди на Редит: „Поради овие ситуации семејствата се откажале од децата“Семејството би требало да е место каде секогаш можеме да се вратиме, без оглед колку животот ни станал комплициран. Но, за жал, не е секогаш така.Двајца корисници на Редит, според Bored Panda, ги прашале родителите зошто се откажале од своите деца, а во расправата се вклучија бројни лица, некои и самите доживеале отфрлање, а другите раскажале за роднини и пријатели кои ги снашло истото. Сè измислила „Еднаш се гледав со девојка чии родители се откажале од неа. Искрено, да бев нејзин татко, веројатно и јас ќе се откажев. Таа ми кажа дека татко ѝ ја тепал и во неколку наврати ја допирал на несоодветен начин. Ги повикала социјалните служби и го пријавила. Тие ја извадиле од домот на родителите и ја сместиле во установа за привремено згрижување. Мајка ми практично ја посвои истиот ден. Беше со нас секој ден; ѝ купивме облека за да ја замениме онаа што ја изгубила, а таа поминуваше многу време кај нас. Нејзините родители постојано велеа дека лаже, дека не ја знаеме нејзината вистинска природа и дека наскоро ќе ја дознаеме. Неколку недели сè беше во ред. Потоа работите почнаа да се менуваат. Од установата се јавуваа за да разговараат со неа кога не беше кај нас, а таа им рекла дека е кај нас. Ние мислевме дека таа е таму. Излезе дека ноќе се искрадувала за да оди на забави и не се враќала. Потоа дознавме дека користи тешки дроги. Подоцна откривме дека ги продала работите што мајка ми ѝ ги купи за да набави алкохол. Ми украде „Нинтендо ДС“ (Nintendo DS) и го продаде за да купи уште дрога и алкохол. Постојано лажеше и генерално почна да се однесува токму онака како што нејзините родители нè предупредија дека ќе се однесува. Татко ѝ побара да разговараме насамо – „како маж со маж“. Се согласив. Ми кажа дека таа го прави ова постојано: наоѓа некој што може да го искористи, а потоа ќе се погрижи...“ ...да ја избркаат од дома за да може да се забавува и да си го уништува животот. Разговарав со нејзините браќа и сестри, сите рекоа дека родителите им се добри луѓе и дека сето тоа го измислила. На крајот, се соочив со неа, призна дека целата приказна ја измислила. Само сакала да си замине од дома и немала намера да се врати. Ја оставив и ѝ кажав на полицијата што знам. По истрагата, татко ѝ беше ослободен од обвиненијата, колку што знам јас. А, семејството никогаш не ја прими назад. „Подоцна слушнав дека забременила и дека не знаела кој е таткото, бидејќи купувала дрога за секс. Оттогаш не сум слушнал ништо за неа“, открил корисникот. Заборавеното дете Еден читател напишал: „Не знам дали ова се важи. Бев посвоен во петто одделение од пар што не можеше да има деца. Потоа, благодарение на нов вид третман, тие добија биолошки деца кога јас бев во прва година средно училиште. Потоа се преселија во друга сојузна држава – без мене. Средното училиште го завршив живеејќи во семејството на мојата шефица. Таа имаше сопруг и две ќерки на приближно иста возраст како мене.“ Враќање дома Се најде и ваков коментар: „Брат ми се гледаше со една девојка околу две години. На почетокот таа беше навистина мила, но потоа се промени и го покажа своето вистинско лице. Таа го навлече брат ми на Ксанакс, а еден ден тој ме претепа затоа што ѝ дадов премногу храна на нашата мачка. Раката ми крвареше откако ме фрли врз масичката во дневна. Се заклучив во собата на тато, но тој успеа да ја отвори бравата. Никогаш во животот не сум се чувствувал толку исплашено. Тато набргу се врати дома и ме спаси. Брат ми беше избркан од дома, а семејството се откажа од него. Тој раскина со таа луда девојка, си го среди животот и се врати дома по една година. Денес, нашиот однос е подобар од кога било.“ Верата пред семејството „Моите родители биле отфрлени од нивните сопствени родители. Родителите на мајка ми се откажале од неа кога одлучила да се омажи за црнец, иако таа е бела. Со години немале никаков контакт – сè додека не се роди сестра ми. Тогаш сфатија што пропуштале со тоа што не му дале шанса на татко ми. Баба ми ми кажа дека длабоко зажалила и одлучила да се смири со нив. Таа и дедо ми одвоија време да го запознаат татко ми и на крајот многу го засакаа. Таткото на татко ми се откажал од него бидејќи тој одбил да стане Јеховин сведок. Дедо ми бил крајно посветен на својата религија и го напуштил татко ми кога тој имал само седум години. Се виделе можеби вкупно пет пати. Кога татко ми почина, сестра ми и јас го посетивме дедо ми во домот за стари лица. Не разговаравме за тоа дали се кае за својата одлука или не; едноставно уживавме во времето поминато заедно. Тој не беше лош човек – едноставно беше неверојатно посветен на својата религија“, сподели еден читател. Преиспитување на верата Друга личност се вклучила во разговорот: „Братот на еден мој стар пријател беше отфрлен од своите родители бидејќи почнал да ја преиспитува Библијата. Не ги знам сите детали, но ситуацијата била таква што нивните многу строги правила и очекувања го натерале да се побуни. Признавам дека во средно училиште минуваше низ фаза кога беше прилично тежок, но колку што знам, неговото однесување беше типично за тинејџер – останување надвор до доцна, криење од родителите што прави со пријателите, сексуални односи со девојката, веројатно консумирање алкохол иако е малолетен, и слично. А, неговите родители беа луѓе кои сметаа дека е неприфатливо да се пропушти дури и една од трите миси на кои присуствуваа секоја недела. Се сеќавам како една моја пријателка – која исто така беше многу конзервативна, но сепак добра личност – ми кажа дека стравува оти нејзиниот брат отишол предалеку и дека за него нема спас, бидејќи рекол: 'Што ако Библијата е само обична книга?' Јас сум атеист и таа го знае тоа, па не можев баш да ѝ понудам сочувство од истата перспектива. Се обидов благо да ѝ објаснам дека преиспитувањето на религијата е дел од здравото растење, но таа едноставно не можеше да сфати како некој може да ги доведе во прашање учењата на Црквата“. Нема втора шанса „Не бев отфрлен, но ги прекинав врските со човекот кого општеството го нарекува мој ‚татко‘. Накратко, моето семејство се пресели овде од Порторико кога имав пет години. Тој одлучи дека има поважни работи за правење и си замина по својот пат. Ја остави мајка ми сама да се грижи за мене и за сестра ми. Поминавме низ многу тешкотии и, да не беа тетка ми и вујко ми, се сомневам дека ќе станев ова што сум денес. На мојот 18-ти роденден, тој се јави за да ми каже дека е горд на мене. Ми беше преку глава, па едноставно му реков: ако не сметаше дека сум доволно важен за да бидеш дел од мојот живот тогаш, не гледам причина да бидеш дел од него сега кога имам 18 години. Не чувствувам омраза, но нема шанси тукутака да се јави после сите тие години и да се преправа дека сè е совршено“, заклучи корисникот. Години на вина Имаше и еден ваков коментар: „Татко ми се откажа од мене кога имав 20 години бидејќи одбив да се оженам со неговата внука – ќерката на неговата сестра. Таму од каде што доаѓам, тоа е прилично вообичаено. Мајка ми се откажа од мене шест месеци претходно, бидејќи ѝ беше преку глава. Еден ден се вратив дома од училиште и немаше никој. Речиси десет години се обвинував себеси.“ Поставени се граници „Нашата посвоена ќерка, која сега е возрасна, почна да нè игнорира, да користи дрога, се врати кај своето биолошко семејство, забремени, се омажи за некој клошар и ширеше лаги за нас. Таа одбива да разговара со своите посвоени браќа и сестри. Ништо од она што го направивме не го оправдуваше таквото однесување кон нас. Таа едноставно е целосно надвор од контрола. Решив дека е доста, бидејќи нема повторно да го изложувам семејството на сето тоа“, откри еден читател во коментар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Познат психолог дава насоки за лечење скршено срцеВажно е да престанеме да ја храниме илузијата дека личноста кон која имаме невозвратени чувства сепак ќе се премисли.Кога ќе се заљубиме во некој што не го чувствува истото, се чини невозможно таа личност да ја исфрлиме од мислите. Секоја порака, спомен, случајна средба повторно ги буди истите чувства. Но дали навистина е можно да се ослободиме од товарот на невозвратената љубов? Психотерапевтот и писател Андреј Курпатов смета дека е можно, но потребно е „да се соочиме со горката вистина наместо да живееме во пријатната лага“. Прв чекор – Признајте си што навистина се случува Сè за што размислувате во врска со заедничката иднина постои само во вашите мисли. Прифаќањето на реалноста е прв чекор кон престанувањето да живеете во исчекување. Втор чекор – Издвојте ја реалната личност од претставата што сте ја создале Кога ни се допаѓа некој создаваме идеализирана верзија на личноста, ѝ припишуваме особини, чувства и намери кои можеби никогаш не ги покажала. Затоа е важно да се запрашаме: Дали ја сакам вистинската личност или сликата што ја создадов? Колку е помалку реален односот помеѓу двајца луѓе, толку поголема е можноста голем дел од таа заљубеност да е токму она што сме го замислиле. Трет чекор - Не претворајте ја желбата во факт Една од најголемите стапици на невозвратената љубов е надежта дека другата личност ќе се премисли. Природно е да посакувате љубов, но желбата некој да нè сака, не е доказ дека тоа навистина ќе се случи. Кога непрекинато бараме скриени знаци, секоја порака ја толкуваме и чекаме промена, ја продлабочуваме нашата мака. Со прифаќање на туѓите чувства не значи дека нашите се помалку вредни, тоа значи дека разбираме каде завршува нашата желба, а почнува туѓата слобода да се чувствува поинаку. Четврти чекор – Исполнете го вашиот сопствен живот Кога мислите непрекинато се насочени на една личност, потребно е сопствениот живот да се исполни со други содржини. Работа, пријатели, патувања, хоби, спорт, учење нешто ново или минувањето повеќе време со лицата што ги сакате, помага да го вратите вниманието на себе. Важно е да не се обидувате само да „не мислите“ на таа личност, туку да почнете да креирате ден кој има смисла и без таа личност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter