Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
1Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ХороскопДневен хороскоп за 22. јуни 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 22. јуни 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОдмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)Украински беспилотни летала нападнаа рафинерија за нафта во Омск, Русија. Локалното население пријавило две експлозии и чад од централата, а гувернерот на областа Омск го потврдил нападот, пишува Telegram ASTRA, а пренесува Prm.ua. „Нападната е рафинеријата во Омск. Од цевките излегува чад. Се слушнале две експлозии“, велат локалните жители. Гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко изјави дека руската воздушна одбрана наводно го одбила нападот со беспилотни летала. Според него, оперативните служби во регионот се ставени во состојба на готовност. Пред нападот во областа Омск беше прогласена опасност од дронови. На аеродромот во Омск се воведени привремени ограничувања за прием и испраќање на авиони. Рафинеријата Омск е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата веќе беше цел на напад на украински беспилотни летала во јули оваа година, по што нејзината работа беше целосно прекината. Ukraine reportedly struck Russia’s Omsk oil refinery, located beyond the Ural Mountains, more than 3,000 km from the Ukrainian border. It is Russia’s largest oil refinery. https://t.co/cY6xGxqSHY — Clash Report (@clashreport) October 8, 2026 Да потсетиме дека ноќта кон четвртокот, 8 октомври, украинските одбранбени сили, според прелиминарните информации, нападнале два важни индустриски капацитети во Русија - комплексот за преработка на нафта „Гаспром Нефтехим Салават“ во Башкортостан и фабриката „Саста“ во регионот Рјазан. Пријавени се пожари на територијата на двете компании.Тагови: рафинерија руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМеси доби понуда што не се одбиваЛионел Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, се збогува со репрезентацијата на Аргентина против Бенин, со што заврши една одлична фудбалска приказна. Сепак, Аргентинецот нема да застане кога е во прашање клупскиот фудбал, а пристигна и многу интересна понуда. Меси освои бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не играл во Копа Либертадорес. - Мислам дека треба само да игра во Копа Либертадорес, па го прашувам дали го прифаќа овој предизвик - рече претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез. Фудбалерот на Интер Мајами дури и не размислувал за оваа одлука, но навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Најдобриот фудбалер на сите времиња практично освоил сè што може да се освои, а можеби и кренал уште еден трофеј во својата богата кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Економија„Голдман Сакс“ дели над половина милијарда во бонуси- само еден човек доби над 100 милиони долариОколу дваесет врвни раководители во њујоршката инвестициска банка „Голдман Сакс“ ќе добијат специјални бонуси во вредност од над 500 милиони долари во акции, откако банката ги надмина повеќето од своите конкуренти во период од пет години.Поголемиот дел од исплатата оди кај извршниот директор Дејвид Соломон, кој треба да добие повеќе од 100 милиони долари, објави „Блумберг“. Меѓу добитниците се претседателот на банката, Џон Валдрон, кој се смета за наследник на Соломон, како и раководителите на клучните деловни единици Ашок Варадан, Ден Дис и Марк Нахман. Конечната вредност на наградите ќе биде утврдена подоцна овој месец, кога ќе заврши петгодишниот период во кој се пресметуваат. Половина од вредноста на наградите на „Голдман Сакс“ зависи од цената на акциите на банката, која значително го надмина нивото потребно за исплата на максималниот бонус, а другата половина зависи од перформансите на „Голдман Сакс“ во однос на шест конкурентски банки. Акциите на „Голдман Сакс“ пораснаа за околу 150 проценти за пет години, вклучувајќи ги и реинвестираните дивиденди. Во тој период, банката ги надмина повеќето конкуренти, при што само Банката на Њујорк Мелон (BNY) постигна подобар резултат, при што акциите пораснаа за околу 174 проценти. Тагови: Голдман Сакс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22