Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
2Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
3Војска на улиците на Париз и Милано, десетици илјади протестираат- Ова ќе биде долг ден, вели министерот Нуњез (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 22. јануари 2022 година Дневен хороскоп за сабота, 22. јануари 2022 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател,сдруги ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваатсо друштво без оглед на се. Кариера Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери. Кариера Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа. Здравје и совет Не се натпреварувајте со никого. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер , ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи опроблеми. Кариера Вашите замисли убаво напредуваат , а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали. Здравје и совет Поврзете се со луѓе од други региони. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа. Кариера Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Едноставно имајте верба. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите. затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Вие сигурно можете и подобро , но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува. само не ги обвинувајте другите. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови ќе се опуштите , а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри. Кариера Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења. Здравје и совет Радувајте се . Има зошто. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе тлее потреба за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви. Кариера Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни. Кариера Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават . Тоа што сеуште не се гледат , не значи дека се далеку. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате . Вага 24.9.-23.10 Љубов Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Ќе ширите ведар дух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас. Кариера Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни. Кариера Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате. Здравје и совет Издржете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце. Кариера Можеби нема најдобро да ве разберат , па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно. Здравје и совет Наспијте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад 25.000 демонстранти маршираа низ Мадрид: Заштитете ги пензиите (ВИДЕО)Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии.Демонстранти маршираа низ центарот на Мадрид денеска напладне, залагајќи се за безбедноста на јавните пензии, еден месец пред парламентарните избори, додека левицата ја обвинува десницата дека сака да го отвори патот за делумна приватизација на системот. „Гарантирани пензии“ и „Заштитете ги“ беа напишани на транспаренти што ги држеа некои од демонстрантите. Околу 25.000 луѓе протестираа, според податоците што градската администрација на Мадрид ги достави до АФП. Демонстрант: Младите се разбудија Хуан Фернандез (38), државен службеник во Севиља, рече дека живее „во неизвесност“ за својата идна пензија и се спротивставува на реформата на системот, која, според него, би ја отворила вратата за приватизација во која би имало и победници и губитници. „Пензиите мора да бидат недопирливи!“ додаде Пилар (64), кој е пред пензионирање, жалејќи се на „општата тенденција кон приватизација“. Таа, исто така, го поздрави фактот дека „прашањето за домувањето предизвика силна мобилизација“ во последните недели, особено кај младите луѓе кои, како што рече, „се разбудија“ и повика на „одбрана на сите јавни услуги“, како што се „образованието и здравството“. 🔴 Miles de personas se manifiestan en Madrid por el derecho a las pensiones dignas 📹 @Emi_SanchezH https://t.co/IVnT8Djdp6 — EL PAÍS (@el_pais) October 24, 2026 Лидерот на десничарската опозиција: Ќе ги зголемиме пензиите ако победиме Во понеделник, лидерот на десничарската опозиција Алберто Нуњез Фејоо објави дека неговата Народна партија (ПП) ќе ги зголеми пензиите во согласност со законот ако победи на предвремените парламентарни избори на 29 ноември. Притоа, тој одговори на обвинувањата од владата на премиерот Педро Санчез од Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ), која тврди дека ПП сака да го реформира пензискиот систем со оспорување на сегашниот механизам за индексирање на пензиите со инфлацијата, кој стапува на сила од 1 јануари 2022 година. На крајот на 2021 година, ПП гласаше против тој закон, критикувајќи ја неговата цена за државниот буџет. Во Шпанија, просечната пензија во септември изнесуваше 1.576 евра месечно, според податоците од Министерството за социјално осигурување.Тагови: демонстранти Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј. Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство. По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење. Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент. Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство. На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората. Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ. Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија. Македонска православна општина за Мелбурн и ВикторијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаДрама во Калифорнија: Камион виси од мост, возачот скокна во бездна (ВИДЕО)Драматични снимки од Калифорнија покажуваат минувачи како брзаат да му помогнат на човек додека тој се подготвува да скокне од кабината на камион што виси над патот.Луѓето се собираат под кабината и простираат ќебе, обидувајќи се да го ублажат неговиот пад, пренесоа Независне. Видеото го прикажува човекот како излегува од вратата на камионот, а потоа виси над патот. Минувачите држат простирано ќебе под него. Потоа човекот се пушта и паѓа кон толпата луѓе кои се собрале да му помогнат. WATCH: Strangers rush to help as a man prepares to jump from a truck hanging over a California highway. Dramatic footage captures bystanders gathering beneath the dangling cab, stretching out a blanket as the man climbs through the door and hangs above the roadway before letting go. The moving truck crashes into a center divider after colliding with a sedan on I-5 in San Diego. Four occupants of the car are hospitalized, while the truck's two occupants decline medical treatment. — Fox News (@FoxNews) October 23, 2026 Камион во движење се судрил со патничко возило на автопатот I-5 во Сан Диего, пред да удри во средната пречка. Кабината на камионот останала да виси над патот по судирот. Четири лица во патничкото возило се однесени во болница. Степенот на нивните повреди не е веднаш познат. Двете лица во камионот одбиле медицинска помош.Тагови: Калифорнија камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter