ХороскопДневен хороскоп за 22. февруари 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 22. февруари 2026 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Се повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете се што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија воведува данок на богатство- сѐ ќе се оданочува, па дути и имотот во странство Најбогатите граѓани на Унгарија ќе мора да плаќаат нов данок на богатство почнувајќи од следната година, а државата има намера да погледне многу подалеку од само парите на нивните банкарски сметки при неговото пресметување.Новиот данок ќе ги опфати недвижностите, инвестициите, акциите на компаниите, па дури и средствата што ги поседуваат унгарските даночни обврзници во странство. Владата на премиерот Петер Маѓар предложи годишен данок од 1 процент на делот од нето-имотот што надминува 1 милијарда форинти, или околу 3,1 милиони долари. За најбогатите, стапката ќе биде уште поголема. Граѓаните со средства што надминуваат 100 милијарди форинти, или околу 308 милиони долари, ќе плаќаат стапка од 1,5 проценти на делот од богатството над тој праг, според Ројтерс. Недвижностите и средствата во странство исто така се земаат предвид Се очекува даночната основа да биде многу широка. При утврдувањето на богатството, ќе се земат предвид недвижностите, инвестициите, акциите на компаниите и другите средства, вклучително и оние што се наоѓаат надвор од Унгарија. Од друга страна, долговите и кредитите ќе можат да се одземат од даночната основа. Ова би значело дека државата не само што ќе гледа колку одредено лице поседува средства, туку и неговата нето вредност по одбивањето на обврските. Данокот би се плаќал еднаш годишно, врз основа на даночна пријава поднесена од самиот даночен обврзник. Првата обврска треба да се утврди според состојбата на средствата на крајот на 2026 година, додека рокот за поднесување и плаќање би бил 31 август 2027 година. Најбогатиот Унгарец има 5,5 милијарди долари Новата мерка особено ќе го погоди самиот врв на листата на најбогати луѓе во земјата. Според листата на унгарското издание на Форбс, 28 лица имаат богатство од повеќе од 100 милијарди форинти, што ги става во категоријата за која е предвидена повисока даночна стапка. На врвот на листата е Лоринц Месарош, бизнисмен чија бизнис империја вклучува банкарство, енергетика, туризам, градежништво и земјоделство. Неговото семејно богатство се проценува на околу 1,786 трилиони форинти, или приближно 5,5 милијарди долари. Вториот најбогат човек во земјата е претседателот на ОТП банка, Шандор Чањи, чиј имот се проценува на приближно 2 милијарди долари. Петер Маѓар рече дека за време на подготовката на данокот, имало обиди за лобирање против новиот данок. - Предлагам чесно да ги плаќаат даноците - е пораката што ја испрати премиерот. Зошто Унгарија го воведува новиот данок? Данокот на богатство беше едно од изборните ветувања на партијата Тиса, која ја победи Фидес на априлските избори и го заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Новата влада сега се соочува со сериозен проблем со јавните финансии. Буџетскиот дефицит на Унгарија за оваа година е проектиран на дури 7,5 проценти од БДП, додека Унгарците ветија дека ќе го намалат на три проценти до 2030 година. Ова треба да ѝ помогне на земјата да ги исполни фискалните критериуми потребни за евентуалното воведување на еврото. Сè уште не е познато колку пари владата очекува да собере од новиот данок. Се очекува да биде вклучен во буџетот за 2027 година, кој се очекува да биде презентиран во октомври. Нацрт-законот веќе е објавен за јавна консултација, која ќе трае до 14 октомври, по што треба да биде доставен до парламентот. Доколку се усвои според сегашниот план, најбогатите Унгарци ќе мора да пресметаат не само колку заработуваат, туку и колку вредат вкупно, почнувајќи од следната година.Тагови: данок Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
СудбинаМагационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета Суд во Холандија донесе пресуда во случајот на привремен работник во магацин вработен во Темпо-Тим, на кого ќе му бидат исплатени вкупно 12.710 евра отштета откако судот утврди дека бил отпуштен без основана причина.Компанијата го отпуштила поради наводна кражба на два пара боксерки „Келвин Клајн“ од магацинот каде што работел, објави „NL Times“. Фотографија како доказ Работникот тврдел дека долната облека ја купил неколку месеци претходно на распродажба на примероци и дека ја имал во чантата бидејќи одел во теретана по работа. Тој доставил фотографија од јануари како доказ на која носи една од боксерките, објаснувајќи дека се продавале во пакувања од по три. Темпо-Тим тврдел дека вработениот го прекршил правилото на клиентот дека вработените не смеат да носат или поседуваат облека од „Келвин Клајн“ или „Томи Хилфигер“ на работа. Компанијата изјавила дека работникот не докажал дека легално ја стекнал долната облека. Отпуштањето било незаконско Сепак, судот утврди дека дури и евентуалното кршење на правилата за носење брендирана облека не претставува доволен доказ дека работникот имал намера да украде долна облека од магацинот. Судот изјави дека Темпо-Тим не дала доволно причини за таков заклучок и утврди дека отпуштањето е незаконско. На компанијата ѝ беше наложено да му исплати на работникот 6.000 евра за изгубена заработка, 1.550 евра надомест за промена на работното место и 3.000 евра за неоправдано отпуштање, плус повеќе од 2.150 евра за наплата и судски трошоци, како и камата во случај на доцнење.Тагови: боксерки отштета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДиректорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложувамеДиректорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост .Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високите долгови и војните на Блискиот Исток и Украина. - Не можеме повеќе да ги одложуваме неопходните мерки - ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите - рече Георгиева во говорот во Сингапур, во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, пренесе АП. Таа предупреди дека прекумерниот долг е се поголем товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои треба да изберат помеѓу инвестирање во јавната благосостојба и отплата на долгот во услови со високи каматни стапки. Георгиева укажа и на ризиците поврзани со брзиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција (АИ) и изградбата на центри за податоци. Според неа, инвестициите во вештачката интелигенција би можеле да го надминат релативниот обем на трошоци за железници, електрични мрежи и телекомуникациски системи. Георгиева ги повика земјите да влијаат на јавната потрошувачка и, доколку е потребно, да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја контролираат инфлацијата, притоа да ги заштитат најранливите. Таа укажа и на потребата од регулирање на вештачката интелигенција, обука на работници, пофлексибилен пазар на трудот, поттикнување на претприемништвото и зајакнување на енергетската безбедност. Според неа, брзиот развој на вештачката интелигенција особено им користи на земјите со силни технолошки сектори, притоа заобиколувајќи многу други земји и со тоа дополнително ја продлабочува економската нееднаквост.Тагови: ММФ директорката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter