Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
2Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
ХороскопДневен хороскоп за 22. февруари 2024 година Дневен хороскоп за четврток, 22. февруари 2024 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност. Кариера Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники. Здравје и совет Намалете ги слатките во исхраната. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами. Кариера Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа. Здравје и совет Преодна кашлица. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе. Кариера Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот. Здравје и совет Уживајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка. Кариера Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се. Здравје и совет Потребен ви е нов режим на здрави навики. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото. Кариера Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел. Здравје и совет Ова е ден за вашата сестраност. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба. Кариера Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други. Здравје и совет Време е да пораснете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво. Кариера Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи. Здравје и совет Продолжете понатаму. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра. Кариера Денеска подобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја. Кариера Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот. Здравје и совет Бидете отворени за секоја ситуација. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија. Кариера Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време. Здравје и совет Не се залетувајте по нереални ситуации. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно. Здравје и совет Внимателно со медикаментите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР ВелесМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформитеСали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати. Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието. Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите. Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка. Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија. „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаПриведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месециНа 08.09.2026 во 14:15 часот на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Ф.Р.(50) од Тетово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дела по член 144 став 5 во врска со ставовите 1 и 4 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11