Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
2Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
ХороскопДневен хороскоп за 22. декември 2022 година Дневен хороскоп за четврток, 22. декември 2022 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Сѐ ќе ви биде интересно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен БалканПретседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ. Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание. Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часотНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот. Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СветКомпании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во КинаКомпании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува „Ројтерс“.Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари. Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција. Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook