Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
ХороскопДневен хороскоп за 22. август 2021 година Дневен хороскоп за недела, 22. август 2021 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план. Кариера Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Кариера Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Кариера Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот. Здравје и совет Посилни сте од ден во ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место. Кариера На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Здравје и совет Се интересирате за козметика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш. Кариера Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли. Здравје и совет Не манипулирајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого. Кариера Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место. Здравје и совет Проанализирајте се себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете. Кариера Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете. Здравје и совет Бидете зрели и воздржани. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот. Кариера Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања. Здравје и совет Телесно сте одлично , емотивно сте празни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Здравје и совет Поместете ги своите граници. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Кариера Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Здравје и совет Концентрирајте се на позитивните работи. Рак 22.6-22.7. Љубов Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени. Кариера Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Здравје и совет Меланхолија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24