Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
ХороскопДневен хороскоп за 22.5.2019 годинаДневен хороскоп за среда, 22. мај 2019 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста. Кариера Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично. Здравје Продолжете со новите здрави навики. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока. Кариера Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни. Здравје Дотерајте се. Лав 23.7-22.8. Љубов Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти. Кариера Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност. Здравје Прошетајте се на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки. Кариера Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може. Здравје Ова е ден на вашата сестраност. Вага 24.9.-23.10 Љубов До личноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени. Кариера Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина. Здравје Не се нервирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно. Кариера Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно. Здравје Намален имунитет и енергија. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода. Кариера Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел. Здравје Не играјте отворено . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Кариера На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни. Здравје Вежбајте гимнастика. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите. Кариера На работното место ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате. Здравје Останете будни и подготвени за промени. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака. Кариера Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи. Здравје Подобро отворете ги очите. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас. Кариера Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали. Здравје Ниту заморот не ве запира. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат. Кариера Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата. Здравје Можни се илузии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометШампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна. Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот 7 на 6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23. Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, шест даде Да Силва, четири Фадуил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook