ХороскопДневен хороскоп за 21. септември 2022 годинаДневен хороскоп за среда, 21. септември 2022 година.Девица 23.8.-23.9. Љубов Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу. Кариера Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник. Здравје и совет Ослободете се од љубовните грижи. Вага 24.9.-23.10 Љубов Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг. Кариера На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено. Здравје и совет Дозирајте ја храната и пиењето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања. Кариера Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура. Здравје и совет Пијте повеќе течности. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани. Кариера Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став. Здравје и совет Претерувате во исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна. Кариера Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање. Здравје и совет Пораснете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени. Кариера Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред. Здравје и совет Денеска планетите се на ваша страна. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите. Здравје и совет Јадете пополека и доволно џвакајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо. Кариера Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас. Здравје и совет Мали нервози. Бик 21.4- 20.5. Љубов Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок. Кариера Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат. Здравје и совет Слушајте ги луѓето во вашата околина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Понекогаш земете си пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки. Кариера Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Бариерите се уриваат сами од себеси. Лав 23.7-22.8. Љубов Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас. Кариера Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Сите ќе ги победите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)Обилните дождови што ја погодија јужна Франција предизвикаа големи поплави, при што се наведува дека три лица загинале, а илјадници домови останале без електрична енергија.Регионалните власти соопштија дека бурата предизвикала нивото на водата да се искачи на „невидени“ нивоа. Според извештаите, три лица загинале, а едно е повредено во бурата. Локалниот весник „Ла Прованс“ објави, повикувајќи се на властите, дека две жени, на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени во подрум во Ланкон-Прованс. 75-годишен маж, исто така, загинал во бурата во Сен-Митр-ле-Ремпар. Регионалните власти соопштија дека околу 250 луѓе од Арл и Сен-Мартен-де-Кроа се однесени во засолништа. ⛈️ Des orages diluviens frappent les Bouches-du-Rhône ce mardi matin avec des inondations, ici à Port-de-Bouc. Prudence ! 🌊 (© Angelana Cri via La Météo du 13) https://t.co/e7pgFyEHaE — Météo Express (@MeteoExpress) October 20, 2026 Oct 20_5⃣ Climate Awareness🚩 🇫🇷 Heavy rainfall has hit the south of #France, causing widespread flooding in the Bouches-du-Rhône, Hérault, and Gard departments, as well as on the of Corsica island In some areas 200+ mm of rain fell in 24 hours #ClimateCrisis #ClimateEmergency https://t.co/eHa1FnX71e — Irene (@irene_makarenko) October 21, 2026 Бурата, исто така, предизвикала голема материјална штета, а патиштата и железниците биле блокирани. Исто така, имало прекини во електричната енергија и телефонските линии. Severe flooding following torrential rainfall in Martigues, Bouches-du-Rhône, France 🇫🇷 (20.10.2026) #Anonymous #OpEarth 🌎 #BecauseItsOurHome #climatechange #ExtremeWeather https://t.co/FgU0p0SE7h — #Anonymous (@TheStripesGirl) October 22, 2026 Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат на повеќе проблеми. Бурата „Остин“ се очекува да ја погоди северозападна Франција подоцна вечерва, носејќи ветрови до 130 километри на час, високи бранови и обилни врнежи од дожд, со очекувани прекини во сообраќајот и ризик од паѓање дрвја.Тагови: поплави Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗемјотрес од 7 степени ја погоди Кина Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 22 октомври 2026 година, во 16:33 часот во регионот Шизанг-Ќингхај во Кина, во регионот Тибет.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 32,4415 и географска должина 93,8549. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. 🚨🇨🇳#BREAKING | NEWS ⚠️ A Powerful 7.0⚡️Magnitude Earthquake has just struck Nagqu,Tibet, China Xizang region. Searching for a video will update soon. https://t.co/loF6mXvYg5 — Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) October 22, 2026 Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаУтре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаЗголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух. Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот. Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook