ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 21. ноември 2025 година Дневен хороскоп за петок, 21. ноември 2025 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера Веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37