САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома
Платформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквост
1САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома
2Платформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквост
ХороскопДневен хороскоп за 21. март 2025 годинаДневен хороскоп за петок, 21. март 2025 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака. Кариера Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата домаОколу 250 милиони Американци со право на глас денеска избираат нов конгрес на среднорочните избори кои се сметаат за своевиден референдум „за“ и „против“ политиката на Трамп..Се избираат сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 сенатори во Сенатот, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.. Последните анкети покажуваат дека соперничките демократи можат да ги освојат и двата дома на Конгресот и да ја одредат траекторијата од остатокот на мандатот на Трамп, чиј рејтинг падна на рекордно ниско ниво. Дел од истражувањата покажаа дека демократите имаат предност во пет од седумте клучни сојузни држави, вклучително и во Канзас, каде што демократите не победиле речиси 100 години.. Во завршниот говор во Вашингтон, Трамп обвини дека демократската партија номинирала најекстремна и најопасна листа кандидати во американската историја..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПлатформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквостПлатформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“.Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Оваа одлука не ја гледаме како изолиран случај, ниту како обична промена на терминологија. Таа е уште еден чекор во загрижувачкиот тренд на институционално потиснување на родовата еднаквост од јавните политики и законодавството, кој го следиме во последните години. По отстранувањето на поимите род, родова еднаквост, и се поврзано со сексуалноста, хомофобијата и заштита од дискриминација и насилство од законските измени во образованието, блокирањето на Законот за родова еднаквост и сè почестото доведување во прашање на веќе стекнатите права, сега сведочиме и на обид родовата нееднаквост да стане невидлива во училниците. Но, родовата нееднаквост не исчезнува со бришење на зборот „род“. Девојчињата и понатаму ќе се соочуваат со сексизам, сексуално вознемирување, притисоци и насилство. Момчињата и понатаму ќе растат под притисок на штетните очекувања за машкоста, моќта и доминацијата. Младите и понатаму ќе се соочуваат со дискриминација поради тоа кои се или затоа што не се вклопуваат во наметнатите општествени норми. Ако образовниот систем не ги именува овие појави и не им помогне на младите да ги разберат нивните причини, тогаш не придонесува за нивно надминување, туку за нивно премолчување. Особено е поразително што ваквите одлуки се носат во држава во која насилството врз жените и девојчињата останува сериозен општествен проблем, а институциите постојано зборуваат за потребата од превенција. Според податоците на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во текот на 2025 година се евидентирани 6 убиства на жени и 4 обиди за убиство, додека само во првите девет месеци од 2026 година се евидентирани 7 убиени жени и 2 обиди. Дополнително, во очекување на правосилноста на пресудата во случајот со серискиот убиец од Куманово, треба да се има предвид дека станува збор за уште четири убиства на жени, кои би можеле дополнително да ја зголемат оваа алармантна статистика. Овие податоци уште еднаш потврдуваат дека превенцијата на насилството врз жените и девојчињата не смее да остане само декларативна заложба, туку мора да биде проследена со конкретни, доследни и системски мерки. Каква превенција градиме ако не сакаме да зборуваме за родовите стереотипи што го оправдуваат насилството? Каква еднаквост промовираме ако избегнуваме да ги именуваме причините за нееднаквоста? И како очекуваме младите да препознаваат родово-базирано насилство ако образовниот систем го избегнува самиот поим? Државата не може да се обврзува дека ќе се бори против родово-базираното насилство, а истовремено да го отстранува родот од образованието. Тоа е противречна и неодговорна јавна политика. Дополнително загрижува контекстот во кој се случуваат овие промени. Првичната програма беше повлечена во септември, само неколку дена по отвореното писмо од верски кругови од 6 септември 2026 година и по јавните критики од верски и конзервативни кругови. Ова отвора сериозни прашања за независноста на институциите и за начинот на кој се носат образовните политики. Во секуларна држава верските заедници имаат право на свои ставови, но не смеат да станат арбитри за тоа кои научни поими се прифатливи во јавното образование. Доколку надлежните институции ги приспособуваат наставните програми на верски и идеолошки барања, се отвора сериозно прашање за почитувањето на уставниот принцип на одвоеност на верските заедници од државата (член 19 од Уставот). Прашањето е многу поголемо од една наставна програма: кој денес ги креира јавните политики во Северна Македонија – надлежните институции и стручната јавност или организираните групи што водат кампањи против родовата еднаквост? Со ваквиот пристап се создава опасен преседан. Се испраќа порака дека со доволно гласен притисок можат да се менуваат образовни стандарди, да се потиснува научна терминологија и да се доведуваат во прашање политики насочени кон еднаквоста и човековите права. Ова не е само проблем за организациите што работат на родова еднаквост. Ова е прашање за демократското управување, институционалната независност и способноста на државата да ги штити правата на сите граѓани, особено на децата и младите. Потсетуваме дека родовата еднаквост не е прашање на политичка наклонетост или идеолошки избор на власта. Таа е уставна вредност (член 9 од Уставот), законска обврска и составен дел од меѓународните обврски што државата ги има преземено, вклучително и преку ратификацијата на Истанбулската конвенција. Затоа, Платформата за родова еднаквост бара од Владата и Министерството за образование и наука јавно да одговорат: Зошто родовата терминологија систематски се отстранува од образовните политики; врз основа на кои стручни аргументи се направени последните измени; и како тие се усогласени со обврските на државата за унапредување на родовата еднаквост и спречување на насилството. Бараме програмата да биде ревидирана пред нејзината примена, и покрај изјавата на Министерството од 2 ноември дека станува збор за конечно решение. Бараме во програмата да се вратат научно заснованите поими и содржини и да се воспостават јасни гаранции дека образовните политики нема да се менуваат под притисок на групи што ги оспоруваат еднаквоста и човековите права. Не прифаќаме родовата еднаквост да биде предмет на политичко пазарење. Не прифаќаме девојчињата и младите да ја плаќаат цената на институционалното повлекување пред антидемократски и антиправни притисоци. Држава што го брише родот од образованието не ја брише нееднаквоста. Таа само покажува дека не е подготвена да се соочи со неа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СудбинаВидео: Несреќа на Монт Еверест: Хеликоптери се судрија при слетувањеИндиски државјанин загина, а државјанин на Нов Зеланд е повреден откако два хеликоптера се судрија при подготовка за слетување во регионот на Монт Еверест во Непал.„Инцидентот се случи во областа на Базниот камп на Монт Еверест. Државјанинот на Нов Зеланд е спасен“, изјави за Ројтерс Каман Синг Тапа Магар, главниот претставник на округот Солукхумбу. Хеликоптерите им припаѓале на приватните компании „Фиштаил ер“ (Fishtail Air) и „Дајнасти ер“ (Dynasty Air), пренесува Б92. Индискиот државјанин кој загина и Новозеланѓанецот кој беше повреден биле туристи, соопштија од компанијата. LIVE UPDATE FROM EVEREST: Helicopter Collision in Pheriche. Two helicopters collided at the helipad. More news coming up : #Pheriche #PhericheHelipad #NepalNews #HimalayanNews #BreakingNews https://t.co/ReLrzuc1eR — Daniel Mazur (@danielmazur) November 3, 2026 Претставник на компанијата „Дајнасти ер“ (Dynasty Air) изјави дека нивниот хеликоптер превезувал само товар. Несреќата се случила за време на шпицот на сезоната за пешачење и планинарење во Непал – период кога хеликоптерите во регионот превезуваат планинари и алпинисти, пренесува Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00