3Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ХороскопДневен хороскоп за 21. март 2020 годинаДневен хороскоп за сабота , 21. март 2020 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter