ХороскопДневен хороскоп за 21. јуни 2019 годинаДневен хороскоп за петок , 21. јуни 2019 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство. Кариера Че поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува. Здравје и совет Подобрување. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни. Кариера Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа. Здравје и совет Денеска имате влијание врз другите. Лав 23.7-22.8. Љубов Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи. Кариера Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни. Здравје и совет Продолжете понатаму без нервоза. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание. Кариера Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место. Здравје и совет Можни се мали проблеми со видот. Вага 24.9.-23.10 Љубов На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално. Кариера Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата. Здравје и совет Имате сила за двајца. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие. Кариера На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија. Здравје и совет Бидете трпеливи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу. Кариера освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете. Кариера Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава. Здравје и совет Вие сте добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост. Кариера И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба. Здравје и совет Не е се во материјалното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални. Кариера Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови. Здравје и совет Бидете јасни и недвосмислени. Овен 21.3-20.4. Љубов Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска. Кариера Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст. Здравје и совет Бидете објективни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете. Кариера Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо. Здравје и совет Имате причини и за радост и за тага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook