Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
ХороскопДневен хороскоп за 21. јули 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 21. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен период продолжува и денеска. Ќе бидете интерсни , како за себе , така и за другите. Кариера Денеска во финанасиските прашања би можеле да се покажете како вистибнски волшебник , кој може да реши секаков проблем. Здравје и совет Во одлична форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе настојувате дас е опуштите во пријатен круг на ваши блиски луѓе и така да го надминете незадоволството од приватните односи. Кариера Додека чекате одговори на некои опд порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се трудите да бидете поопуштени и да заземете пријателски став за да ја надминете дистанцата во приватните односи. Кариера Вашите заслуги не се спорни , но ќе очекувате повеќе да ве разгалуваат. Шефовите тоа ќе го препознаат , но ќе има такви кои ќе негодуваат. Здравје и совет Ништо не мора да се направи по секоја цена. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако се обидете да најдете некоја стара тема во односот со саканата личност , тоа ќе ве растревожи , иако врската и натаму ви е многу добра. Кариера Ништо не можете да прескокнете , иако би посакале да е така.Секое скалило на успехот треба да го одработите од почеток до крај. Здравје и совет Поработете на својата спонтаност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов. Кариера Контактите ви се добри , комуникациите пријатни , стабилни сте и цврстиво своите деловни планови. Здравје и совет Не сте расположени , иако нема причина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во квалитетните приватни односи , ќе се замешаат некои прашања кои се непотребни. Ќе се покаже подоцна дека тие биле само губење време. Кариера Не заборавајте да направите попис на важните и на помалку важните задачи на работа , а особено ако размислувате за измени. Здравје и совет Почитувајте го трудот на другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе наидете на мали разлики и повторно ќе се соедините во хармонична двојка. Ќе бидете задоволни и подготвениз а секаков вид уживање. Кариера Вашите шефови денеска ќе покажат смисол за креативност , но ќе бидат необјективни во одлучувањето. Здравје и совет Проверувајте го рокот на продуктите што ги конзумирате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои премногу ќе се занимаваат со анализи , а помалку со љубовни дела.Во случај нешто да ви недостасува , свртете се кон ова второто. Кариера Би сакале да добиете одговори на одредени теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се. Здравје и совет Верувајте во подобро утре. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пријатни сте за околината , ве сакаат и ценат , зрачите со самоувереност.Сите тие се добитни комбинации за љубов. Кариера Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете да работите повеќе и подобро. Затоа знаете дека и резултатите ќе бидат одлични. Здравје и совет Продолжете понатаму. Овен 21.3-20.4. Љубов мали нервози ќе внесуваат преоден немир во односите , но и ќе ве поттикнуваат повеќе да се ангажирате. Кариера Ќе ви недостига чувството на слобода. Притисоците за да ги завршите навреме обврските сега ги чувствувате како товар. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне кон сите лични проблеми да пристапите филозофски и со стил. Кариера Добивате шанса зада го покажете своето знаење во областа на креативната уметност или декорација. Здравје и совет Одморете го долниот дел од рбетот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Би можеле да барате изговор за вашите мали испади. Немојте да лажете , туку бидете искрени. Кариера Веројатен е контакт или деловна кореспонденција со луѓе поврзани со море или вода. Добро ќе соработувате. Здравје и совет Бидете појасни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24