Дневен хороскоп за 21. јули 2022 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 21. јули 2022 година

Дневен хороскоп за четврток, 21. јули 2022 година. 

Дневен хороскоп за 21. јули 2022 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво.

Кариера

Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо.

Здравје и совет

Се чувствувате се подобро.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи.

Здравје и совет

Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен.

Кариера

Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете.

Здравје и совет

Емотивно незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги.

Кариера

Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите.

Здравје и совет

Не анализирајте ги своите заслуги.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми.

Кариера

Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате.

Здравје и совет

Мали проблеми со циркулацијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни.

Кариера

Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа.

Здравје и совет

Подобрување во секој поглед.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега.

Кариера

Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е.

Здравје и совет

Може да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината.

Здравје и совет

Не ја трошете одеднаш целата енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате.

Кариера

Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите.

Здравје и совет

Дотерајте се и излезете некаде.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет.

Кариера

Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни.

Здравје и совет

Многу работи ќе ви изгледаат здодевни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите.

Кариера

Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така.

Здравје и совет

Не се расправајте , туку соработувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност.

Кариера

Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот Ауди А2 влезе во производство, Германците со овој модел прават преседан (ФОТО)

Audi започна со производство на целосно електричниот A2 e-tron во Инголштат, а првите модели излегоа од производствената линија, а баварскиот премиер Маркус Зедер го обиколи новиот модел. 

Новиот Ауди А2 влезе во производство, Германците со овој модел прават преседан (ФОТО)

Новиот модел ја симболизира трансформацијата на производството на Aуди: процесот на развој беше скратен за 21 месец, комплексноста и бројот на варијанти беа намалени, а степенот на автоматизација беше зголемен, а воедно се одржуваше и постоечката опрема.

Побрз развој и поедноставно производство

Благодарение на искуството од претходните проекти и оптимизираните процеси, Audi го скрати патот од развој до подготвеност за производство за речиси две години. A2 e-tron има значително помалку делови релевантни за производството, што ја намалува потребата од простор за складирање и ја поедноставува логистиката во фабриката.

За прв пат во Инголштат се користи таканаречениот принцип на производство „низа од бисери“, кој претходно успешно се користеше во фабриката во Некарзулм. Редоследот на нарачките од клиентите се одредува шест дена пред склопувањето, што ја намалува комплексноста на процесот и ги елиминира просторите за складирање и секвенционирање.

Флексибилност и повторна употреба на ресурсите

Каросериите на A2 e-tron се произведуваат заедно со каросериите на Audi A3, благодарение на флексибилниот распоред на производствените линии. Повеќе од 1.200 производствени компоненти, вклучувајќи околу 250 роботи и пиштоли за заварување, беа преземени од производството на други модели на Audi.

Висок степен на автоматизација

Audi за прв пат воведува целосно автоматизирано склопување на тркала во Инголштат, додека претходно полуавтоматизираните станици за завртување на предната и задната оска се заменети со роботизирани станици. Производството на каросерија, исто така, користи таканаречено „бирење канти“, технологија што користи обработка на слики и роботи водени од камера за препознавање и земање мали метални делови директно од неорганизирани контејнери.

Дигитализација и вештачка интелигенција

Индустрискиот облак „Edge Cloud 4 Production“ овозможува дигитално вмрежување на склопот, што заштеди повеќе од 450 индустриски компјутери. Audi, исто така, воведува асистенти со вештачка интелигенција како што се Supply Chatbot и Maintenance Chat, кои им помагаат на вработените да пребаруваат информации и документација и да решаваат проблеми со одржувањето.

Инвестирање во знаењето на вработените

Покрај технолошките иновации, успешниот почеток на производството е резултат и на раниот развој на вештините на вработените, преку комбинација од практична обука на производствената линија и виртуелни програми за квалификација, што ја зајакнува експертизата во областа на електромобилноста во Инголштат.

Изјави за почетокот на производството

Баварскиот премиер Маркус Зедер нагласи дека производството на A2 e-tron во Инголштат испраќа силна порака за економијата и работните места, нагласувајќи ја потребата од помала регулатива и поголема глобална конкурентност на автомобилската индустрија.

Извршниот директор на Audi, Гернот Долнер, рече дека A2 e-tron претставува следниот чекор во обновата на компанијата и покажува како Audi размислува пазарно ориентиран, забрзувајќи го развојот и зголемувајќи ја ефикасноста на производството.

Претседателот на работничкиот совет, Јерг Шлагбауер, нагласи дека почетокот на производството е резултат на долгогодишна борба на вработените за прифатлив електричен модел произведен во Инголштат.

Членот на одборот за производство и логистика, Герд Вокер, нагласи дека моделот докажува дека профитабилното производство на автомобили во Германија е можно благодарение на асистентите за вештачка интелигенција, флексибилното производство и експертизата на вработените.

Директорот на фабриката во Инголштат, Зигфрид Шмитнер, му се заблагодари на тимот за нивната посветеност, нагласувајќи дека новото производство ги зајакнува основните компетенции на седиштето на компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ се обрати по пресудата на Тачи: Судскиот совет не утврди систематски напади над цивилното население (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обраќа на граѓаните во врска со пресудите за лидерите на ОВК.

Вучиќ се обрати по пресудата на Тачи: Судскиот совет не утврди систематски напади над цивилното население (ВИДЕО)

Четири лидери на ОВК - Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Селји - денеска во Хаг беа прогласени за виновни за воени злосторства извршени во Косово и осудени на долги затворски казни со првостепена пресуда. Тачи и Красниќи добија по 25 години затвор, Весељи 18, а Селји 13, објави Курир.

„Ќе почнам како што ќе завршам - зачувувањето на мирот и стабилноста е од клучно значење за Србија“, рече Вучиќ во обраќањето.

„Во иднина, решението лежи во разговори, поголемо разбирање и дијалог“.

„Првостепената пресуда денес беше донесена пред судот на таканареченото Косово. Денес, четири лица беа осудени на 25, 25, 18 и 13 години. Како го гледаме тоа и што сметаме за важно, без оглед на тоа дали нешто ни се допаѓа. Важно е да истакнам следново - прво, Судскиот совет не утврди систематски напади врз цивилното население. Тие не сакаа да го поткопаат кредибилитетот на ОВК“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на одвоени средби, се сретна со конгресмените Кит Селф и со конгресменката Клаудија Тенеј.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

„Денеска остварив средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави.“

„Остварена средба со конгресменката Клаудија Тенеј од републиканската партија, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.

На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји.

Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.“, објави на ФБ премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер