Дневен хороскоп за 21. јануари 2026 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 21. јануари 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 21. јануари 2026 година. 

Дневен хороскоп за 21. јануари 2026 година

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние во врска ќе се договараат околу некои заеднички навики , а оние кои живеат заедно ќе постават правила.

Кариера

Доколку сте чекале вработување , нови работни услови или слично , денеска состојбите ќе созреат за такво нешто.

Здравје и совет

Ослободете се од нездравите навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Они кои се во стабилни врски денеска имаат шанси за да го подобрат својот однос преку сексуалност.

Кариера

За жал , не можете ништо да прескокнете или да заобиколите. Утврдете ги јасно правилата на работата , па ќе ви биде полесно.

Здравје и совет

Оддалечете се од непријатните места и луѓе.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Оние во стабилни врски денеска ќе поработат на својот еротски живот и така ќе настојуваат да се зближат со партнерот.

Кариера

Малите тековни задачи се решаваат добро , а денеска ве посматраат лица кои би сакале да вложат средства во она што го работите.

Здравје и совет

Обидете се да се наспиете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ја враќате романтиката во својата врска. Партнерот е воодушевен. Некои тоа го прават преку убава вечераз а двајца.

Кариера

Ќе прифатите секаква работа и ќе бидете благодарни што е така. Станувате свесни дека сте среќник кому нешто му се нуди.

Здравје и совет

Мали грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се чувствувате кајко да сте исфрлени од игра. Не тагувајте поради тоа , зашто ќе помине како што дошло.

Кариера

Не дозволувајте други да манипулираат со вас. Дури и кога ви упатуваат слатки зборови , не заборавајте кои се крутериумите на професионалност.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска на својата најдрага личност би можеле да и рааскажете цел еден роман. Внимавајте да запрете на време.

Кариера

Некои ќе заминат на кратко службено патување, каде ќе наидат на добра шанса за проширување на дејноста со која се занимаваат.

Здравје и совет

Претерувате со консумирања.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете почувствителни отколку вообичаено , па ќе ја покажете својата ранлива особина. Сепак , немојте да станете патетични.

Кариера

Вашите надредени денеска би можеле да покажат наклонетост кон вас , а таквиот став би можел малку да ве изненади.

Здравје и совет

Денот е создаден за убави работи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Без оглед што во вашите односи има мала дистанца , денешниот ден ќе ви донесе подобрување и романтика.

Кариера

на никого ништо не му замерувате , па сепак лесно ги откривате завидливците. Ги нзате ,но немојте да им обрнувате внимание.

Здравје и совет

Имате сила за двајца.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе размислувате дали една љубовна фаза да ја приведете кон крај , па да свртите нов лист. Засега само ќе размислувате.

Кариера

Денеска конечно ќе созреат условите за една деловна соработка , а вие самите од тоа ќе научите нешто.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето околу вас.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата интуиција денеска правилно ќе ве води и ќе ви покажува дали да тргнете или да застанете. Потпрете се на неа.

Кариера

Ќе го направите она што морате да го направите, зашто од вас се очекува да играте по правилата на играта. Тоа не значи дека ќе загубите нешто лично.

Здравје и совет

Немојте постојано да се провлекувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе сонувате за нешто што го нема , но тоа ќе ве извлече од љубовната летаргија во која сега се наоѓате.

Кариера

Денеска веројатно ќе бидете пофалени и тоа ќе ви извлече насмевка на лицето. Ќе работите уште подобро.

Здравје и совет

Расте вашата самодоверба.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Чувството дека се ќе биде добро ќе ве наведе на поголема отвореност во личните односи , а потоа ќе дојде и до подобрување.

Кариера

Веројатно ќе ја проширите соработката со млади сработници на работното место. Тие ќе бидат конструктивни , а вие инспиративни.

Здравје и совет

Ќе бидете трезвени во секој аспект на делувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија

На 23 октомври 1893 година, во тешки и неизвесни времиња, се роди Македонската револуционерна организација, која низ годините дејствувала под различни имиња, но со еден единствен код – ВМРО. 

ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија

Таа е сопатник и главен организатор на македонската револуционерна борба, обединувајќи ги стремежите на македонскиот народ за слобода, автономија и национално достоинство. Преку својата дејност, Организацијата е длабок белег во македонската историја и симбол на непокорот, пожртвуваноста и вековниот стремеж за сопствена држава.

Македонските револуционери ги поставија темелите на борбата за слобода, национално достоинство и право македонскиот народ сам да ја гради својата иднина, слободно да ги чува и негува своите традиции, јазик, култура и национална посебност, достоинствено и рамо до рамо со европските народи.

Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава.

Денес, со гордост и почит, се сеќаваме на македонските револуционери, на нивната храброст, самопрегор и непоколеблива верба во правдата. Нивната жртва не смее да биде заборавена.

Денешната слобода и македонската државност се обврска што ја носиме пред сите генерации што се бореле, страдале и верувале во Македонија. Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина.

Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нè обединуваат. Ова е наследството што треба достоинствено да им го предадеме на идните генерации.

Да го чуваме она за што се бореле нашите предци, да го почитуваме она што сме и да ја градиме Македонија каква што ја посакувале генерациите пред нас, слободна, достоинствена, просперитетна.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!,се наведува во честитката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во Албанија

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот.

МАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во Албанија

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот, како и до сите граѓани кои ги почитуваат слободата, човечкото достоинство, солидарноста и правото на секој народ да го зачува својот национален идентитет.

Во честитката, потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, се истакнува историското значење на овој датум, кој потсетува на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, правда, достоинство и подобра иднина.

„Нивната борба е дел од историското наследство на Македонија и потсетник дека слободата и човековите права се вредности што бараат постојана грижа, одговорност и посветеност“, се наведува во честитката на МАЕИ.

Посебен акцент е ставен на придонесот на македонските села кои денес се наоѓаат на територијата на Република Албанија. Македонското население од Преспа, Голо Брдо, Врбник, Поле и другите краишта имало свое место во револуционерното движење и во историските настани поврзани со Илинденското востание од 1903 година.

Преку учеството на востаници, поддршката на македонската револуционерна организација и солидарноста со борбата за слобода, жителите на овие села придонеле за зачувувањето на идеалите за слободна Македонија. Од МАЕИ нагласуваат дека нивниот придонес претставува важен дел од историското наследство на Македонците во Албанија и заслужува да биде зачуван и пренесуван на идните генерации.

Во честитката се истакнува и дека македонската заедница во Албанија и денес продолжува да го чува и развива своето историско, јазично и културно наследство, истовремено придонесувајќи за демократското општество, меѓуетничкото разбирање и соживотот во Република Албанија.

Според МАЕИ, одбележувањето на 23 Октомври не е само потсетување на историските настани и жртвите на македонските револуционери, туку и повик за одговорно градење на иднината – општество во кое различностите се почитуваат, малцинските права се гарантираат, а секој човек има можност слободно да го изразува својот идентитет и да придонесува за заедничкиот напредок.

„Со длабока почит им оддаваме признание на сите кои се бореле за слободата и достоинството на македонскиот народ. Нивната посветеност нека биде инспирација за единство, меѓусебно почитување, солидарност и истрајност во зачувувањето на нашето историско и културно наследство“, се наведува во честитката потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски.

Од Македонската алијанса за европска интеграција упатија порака за зачувување на македонската историја, јазик, култура и традиции, како и за градење иднина заснована врз мир, слобода, еднаквост, меѓусебно почитување и достоинство.

„Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!“, порачуваат од МАЕИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комититите. 

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки напор се обиделе, но не успеале да го остварат сонот за национална држава.

Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив.

Зарем можеме да ја разбереме сегашноста ако не ги познаваме и не ги почитуваме идеалите, надежите и историските чекори низ коишто се формирала нашата национална самосвест?

Токму затоа, 23 Октомври има особено место во македонската историја. Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, најсвесните македонски дејци ја преточиле вековната жед и желба за слобода во организирано дело, а стремежот кон самобитност во решителна битка на смрт за сопствена држава.

Во бурните историски времиња и тешки околности, водени од македонскиот непокор и од насушната потреба од пристоен човечки живот, тие го трасирале патот на македонската револуционерна борба.

Но, што значи чествувањето на нивното дело ако не ги негуваме вредностите за кои се бореле?

Пиететот кон предците има смисла само кога нивните високи и благородни идеали ги преточуваме во праведност, солидарност и посветеност на општото добро.

Историското завештание не е само причина за гордост, туку и морална обврска да ја унапредуваме државата, да го штитиме човечкото достоинство и да создаваме општество во кое правото, правдата и моралот ќе бидат не само темелни вредности, туку и реалност.

Ако револуционерниот порив некогаш се потврдувал со себежртвување за високи национални цели, денес се докажува со одлучно и чесно работење, интелектуална смелост и решителност за нужни реформи.

Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме, да го продолжиме стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава.

Нашиот долг кон предците е да го чествуваме споменот за нив, оддавајќи им должно признание, кон современиците да постапуваме со одговорност кон надлежностите и работните обврски, а кон идните поколенија – како гарантори на нивната сигурна иднина.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

д-р Гордана Сиљановска-Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер