Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
2Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
ХороскопДневен хороскоп за 21. февруари 2024 година Дневен хороскоп за среда, 21. февруари 2024 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе се најдете во големо друштво , така што вашите недоразбирања со партнерот ќе бидат незабележани во групата. Кариера Не постои рецепт за успех , кој се обидувате да го најдете , туку едбноставно треба да работите , а резултатите потоа доаѓаат самите од себе. Здравје и совет Некои ќе танцуваат. Овен 21.3-20.4. Љубов Од грубоста на надворешниот свет денеска ќе избегате во светот на својата фантазија. Ништо чудно за вас , но на партнерот му е веќе доста од тоа. Кариера Се наоѓате во фаза кога вашит еуметнички идеи доаѓаат со толкава брзина и количество , што е тешко да ги запрете. Нешто ќе треба да запишете за во иднина. Здравје и совет Ослободете се од секаков притисок. Бик 21.4- 20.5. Љубов На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашата смисла за детали. Кариера На состаноците ќе дојде до непријатност , која од внатре ве нервира. Вие сакате се да е јасно , а ќе се случува спротивното. Здравје и совет Стресови на кои веќе сте навикнати , не се нервирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе дојде до мали надмудрувања меѓу вас и саканата личност. Во тоа вие ќе бидете онаа полудата страна. Кариера Ќе завршите што е можно побргу и со радост ќе му се препуштите на заслуженото безделничење. Здравје и совет Мали нервози. Рак 22.6-22.7. Љубов Во вашите приватни односи и денеска ќе има доста немир , недореченбост и фрустрации. Останете мирни. Кариера Обидете се да внесете повеќе креативност во својата работа , зашто така ќе работите полесно и со поголемо задоволство , а резултатите секако нема да изостанат. Здравје и совет Одете некаде сами и опуштете се од сите стресови. Лав 23.7-22.8. Љубов На памет ќе ви доаѓа забава без сериозни претензии. Тоа е затоа што нема да добиете она што го сакате. Кариера На ртаботното место денеска би можело да дојде до искажување емоции и таленти кои не сте ги очекувале. Ќе биде интересно како на филм. Здравје и совет Потребно ви е опуштање. Девица 23.8.-23.9. Љубов Друштвеност и отвореност ќе бидат вашите главни квалитети денеска. Оние кои уште се сами , ќе успеваат бргу да остверуваат контакти. Кариера Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успевате да помогнете и да читате меѓу редови таму каде што не може никој друг. Здравје и совет Бидете отворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се потрудите да бидете љубезни во односите со саканата личност.Тоа ќе биде добро прифатено , па ќе ја подобрите комуникацијата. Кариера Веројатно ќе ги игнорирате шефовите и ќе продолжите по свое. Сепак , попаметно би било да најдете некаков компромис. Здравје и совет Може да одите на натпревар на омилениот клуб. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Не влегувајте во расправии , а особено не околу ситници. Вашиот однос ќе се подобри со тек на време. Треба да причекате. Кариера Со нетпрение ќе го чекате крајот на рабнотното време и слободното време зашто едноставно не сте во состојба да работите со задоволство. Здравје и совет Потсетете се на своето хоби. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете во целост свртени кон партнерот , но тој постојано ќе ви носи предизвици , кои во вас ќе будат немир. Кариера Во деловните преговори и на состаноците ќе се потпрете на својата креативност и така ќе најдете заеднички јазик со другите. Здравје и совет Размислете за својата исхрана. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Фантазијата денеска ќе ви работи сто на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што не постои. Можни се нереални проценки. Кариера Ќе се одмеруваат вашите заслуги на работното место. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност. Здравје и совет Преоден пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ветувањето што сте го дале или сте го добиле ќе биде одржано , а вие спокојни , исполнети и задоволни во пријатно друштво. Кариера Вашите деловни достигнување се се повеќе очигледни , така што не треба да ве загрижуваат мали недоразбирања и кавги. Здравје и совет Спортувајте за да бидете уште посреќни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР ВелесМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформитеСали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати. Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието. Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите. Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка. Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија. „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месециНа 08.09.2026 во 14:15 часот на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Ф.Р.(50) од Тетово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дела по член 144 став 5 во врска со ставовите 1 и 4 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook