ХороскопДневен хороскоп за 21. февруари 2023 година Дневен хороскоп за вторник, 21. февруари 2023 година . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Кариера Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Здравје и совет Имате право кога ја негувате натуралноста. Овен 21.3-20.4. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Здравје и совет Работете го она што го сакате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Кариера Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Здравје и совет Ви треба кус одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате. Кариера Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Здравје и совет Уривате рекорди. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Кариера Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Здравје и совет Не мора да се брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Кариера Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Здравје и совет Ќе имате пријатни сништа. Вага 24.9.-23.10. Љубов Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Кариера Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Здравје и совет Немојте да си го расипете карактерот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Кариера Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте. Здравје и совет Не знаете до каде може да стигнете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Кариера Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Здравје и совет Ќе бидете фокусирани на други. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Кариера Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Здравје и совет Некои имаат духовни искуства. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Кариера Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Здравје и совет Помирете се со реалноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности СВР Штип и СВР СкопјеНа 21.08.2026 на Градскиот стадион во Штип, во пресрет на фудбалски натпревар, Отсекот за превенција при СВР Штип спроведена кампања „Навивај безбедно за нашиот клуб“. Активноста насочена кон подигнување на свеста кај навивачите и сите посетители за значењето на спортското и фер навивање и на тој начин да се придонесе за создавање безбедна спортска атмосфера, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, насилство, недолично однесување и други инциденти пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Во непосреден контакт со граѓаните, посебен акцент беше ставен на одговорното однесување на младите навивачи и почитувањето на упатствата од организаторите и полициските службеници. На 21.08.2026 во вечерните часови на подрачјето на општина Зрновци, полициски службеници од ОВР Кочани реализираа соседска патрола, при што беа остварени повеќе средби со граѓани на кои беше дискутирано за повеќе области од секојдневното живеење, безбедноста на младите, спречување на меѓуврсничко насилство, одржување на стабилтен јавен ред и мир и други. Денеска (22.08.2026), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муницијаЛишени од слобода повеќе лица.На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од с.Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. На 21.08.2026 околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје (ловечки карабини, ловечки пушки, пиштол) и поголема количина муниција. На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица - Л.С.(19) и двајца 16 - годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook