Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник
Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
1Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник
2Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ХороскопДневен хороскоп за 21. февруари 2020 годинаДневен хороскоп за петок , 21. февруари 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да влегувате во расправии зошто нешто е такво какво што е , зашто и самите знаете дека тоа е минливо. На мирен начин одржувајте го односот на вообичаено ниво. Кариера Пред да донесете една одлука , проучете ги финансиските аспекти . Ќе забележите некои нови детали. Здравје и совет Немате здравствени проблеми. Овен 21.3-20.4. Љубов Како и натаму не ви доаѓаат вистинските зборови , ќе успеете да ја покажете љубовта на еден поразличен начин. Кариера Ќе се анализираат вашите знаења , она што до сега сте го постигнале.Врз основа на тоа , наскоро ќе има одлука. Здравје и совет Мали нервози. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата друштвеност и денеска ќе ви носи дополнителни поени во љубовта , но внимавајте да не претерате. Кариера Ве очекуваат некои нови потези на управата , но сеуште не е јасно за што станува збор. Треба дас е стрпите. Здравје и совет Опуштете се на начин на кој вам ви одговара. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Еден семеен проблем повторно ќе се појави , а вие ќе мора да се ангажирате околу него.Односто со саканата личност е добар. Кариера Соберете сила и продолжете да го работите она што од вас се бара. Бесмислено е да поставувате прашања на кои нема одговор. Здравје и совет Направете мала пауза или земете краток одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што во моментов ве измачува , ќе го составите во една реченица , но не ја кажувајте уште денеска . Почекајте до утре. Кариера Ве нервираат неработници , зашто вие по природа сте голем работник. Ако треба , бидете строги. Здравје и совет Проверете ја состојбата на автомобилот. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можело да се најдете во многу интересно друштво или на уметнички собир , кој ќе ве поттикне на нови љубовни потези. Кариера Се подготвуваат нови одлуки поврзани со условите на работното место. Не е сеуште дефинирано , но наскоро ќес е случи. Здравје и совет Размислувате за нов стил во животот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Друштвеност и комуникативност ќе бидат особините што денеска ќе ги покажете во приватниот живот. Кариера Се повеќе работи и луѓе се фокусдирани на вас и на вашите способности. Од вас сите нешто ќе очекуваат. Здравје и совет Концентрирајте се на крајната цел. Вага 24.9.-23.10 Љубов На сите околу вас ќе им посакате добра забава , а вие ќе се тргнете во сопствениот интимен свет , било сами или во двојка. Кариера Една мала анализа се уште не сте ја довеле до крај. Треба прво да ја завршите , па дури потоа да ги носите новите планови. Здравје и совет Внатрешни двоумења. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои добра забава , излегување на интересно место или спортски активности што ќе ве поврзат со нови личности. Кариера На работата се појавуваат се повеќе креативци . Толку има многу добри идеи што не знаете што би направиле. Архивирајте ги. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малото нерасположение ќе се должи на желбата на некој од вас двајцата за доминација. Едната страна ќе се чувствува помалку вредна. Кариера Преостануваат уште неколку потези во една фаза на работењето. Ќе делувате сигурно и смирено ,зашто знаете како треба. Здравје и совет Ослабена циркулација во нозете . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Да се прифати нешто што не ви е драго е знак на зрелост и трпение. Ќе бидете тивки и дискретни. Кариера Очекувате да се појават резултатите од една работа. Треба да бидете трпеливи. Здравје и совет Наскоро се ќе биде јасно. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Луѓето од вашата поблиска околина ќе бараат од вас поголема активност , излегување во природа , што е можност за средби со нови лица. Кариера Некои би сакале да останат дома , но сепак ќе мора барем малку да размислуваат на работата. Здравје и совет Обидете се потрезвено да гледате на работите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалникОд локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи, па се до дигитални услуги и низа мерки за младитеОд локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи.. па се до дигитални услуги и низа мерки за младите ...Кандидатите за градоначалник на Брвеница започнаа со промоција на предизборните програми во пресрет на вонредните локални избори во оваа општина кои ќе се одржат на 18-ти октомври. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радически под слоганот „Една Брвеница за сите“, неговиот против кандидат од СДСМ Јовица Радески под паролата „Се бориме за Брвеница“ пред граѓаните најавија низа проекти за развој на општинната и подобар и поквалитетн живот на жителите во Брвеница. Во трката за прв човек на Брвеница влегуваат вкупно шест кандидати. Владините коалциони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и на овие вонредни локални избори настапуваат со одделни кандидати. Во програмата на кандиатот на Вреди Јакуп Усеини фоксуот е ставен на патиштата, инфраструктурата, јавните простори, спортот, а преку социјалните мрежи Усени порачува дека „Не доаѓа со ветувања за еден ден, туку со план за Брвеница. Канидатот до ДУИ Аркин Јахији во обраќање пред граѓаните најавува нов поечеток за Брвеница и одговорно и професионлано управуавње со општината. Во трката градоначалничката функција во Брвенца поддршката од граѓаните ќе ја бараат и двајца независни кандидати поддржани од група избирачи Душан Богдановски и Арифе Идризи. Каммпањата за вонредните локални избори започна вчера и ќе трае до 16-ти октомври на полноќ. Вонредни локални избори во Брвеница се одржуваат откако во јуни годинава ненадејно почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски. Функцијата привремено ја извршува претседател општинскиот совет Роберт Милошески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“Има интерес за инвестирање во Чебрен и Галиште од американската финансиска корпорација ДФЦ, изјави премиерот Мицкоски кој е оптимист дека по децении планови, од следната година ќе се отпочне со проектот. За ова вели при посетата на САД разговарал со челниците на корпорацијата, кои веќе имаат инвестирано во Македонија во рудникот за антимон во Крстов Дол. Анализите според Мицкоски покажале дека придобивките од изградбата на двете хидроцентрали се големи, а државата треба да преземе храбар чекор и да се вклучи во проектот. „ Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Премиерот рече дека и покрај големата енергетска криза во светот, во Македонија состојбата е под контрола. Денеска беше промовирана третата фаза од проектот на АД ЕСМ за ревитализација на хидроелектраните, со што се очекува зголемување на производството на електрична енергија. Оваа фаза чини 46 милиони евра, а според планот на ЕСМ ќе биде завршена до крајот на следната година. „ По завршувањето на ревитализацијата ќе добиеме комплетно обновени инсталации. Капацитетот на шесте големи хидроелектрани ќе биде обновен, притоа ќе биде и проширен капацитетот односно моќноста на истите за цели 14 мегавати, што значи дека ќе донесе дополнително годишно производство од 50 гигават часови, или претворено во финансиски средства некаде околу 5 милиони евра дополнителни годишни приходи. “Лазар Узунчев – директор на АД ЕСМ. Директорот на ЕСМ рече дека се подготвени и за грејната сезона. Најави дека ќе бидат во функција два блока на РЕК Битола, а по потреба ќе биде пуштен и третиот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
БалканГрција ѝ ги предава посмртните останки на цар Самоил на БугаријаГрција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена .Грција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена – Бугарија за возврат ќе предаде вредни византиски ракописи и црковни реликвии кои потекнуваат од грчки манастири. Официјалното предавање ќе се изврши на 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун од каде по церемонијата ќе бидат пренесени во Софија каде во црквата Света Софија треба да бидат положени во посебен саркофаг. Бугарскиот премиер Румен Радев денеска соопшти дека договорот е постигнат по интензивни преговори и го оцени како историски. -По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во неговата татковина. Веќе шест децении не престануваат напорите на бугарската држава да ги врати посмртните останки на еден од нејзините најголеми владетели. Нам ни припадна историската чест тоа да го постигнеме. изјави – Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија. Прашањето за тоа како се дефинира неговото историско наследство со години е тема и на македонско-бугарската историска комисија. Комисијата во 2019 година се усогласи и за заедничко одбележување на Цар Самоил од страна на Македонија и Бугарија. Во официјалните препораки на комисијата Самоил е опишан како владетел на голема средновековна држава, која поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар на територијата на денешна Македонија. Во документот се наведува и дека Цар Самоил и неговата судбина се симбол на заедничката историја што ја споделуваат двете современи држави. Претседателот на македонскиот тим во заедничката историска комисија со Бугарија, професорот Ванчо Ѓорѓиев, во телефонски разговор за Канал 5, беше воздржан и не сакаше да го коментира најавеното предавање на посмртните останки на цар Самоил ниту пак го коментираше денешното именување на Самоил како „бугарски цар“ од страна на бугарскиот премиер Радев. Недостапен за коментар беше и поранешниот копретседател на комисијата Драги Ѓеоргиев. Историчарот Михајло Миноски пак предупредува дека секој прифатен компромис или формулација за „заеднички личности“ оди директно на штета на македонскиот идентитет, историскиот континуитет и државните интереси. -Науката не донесува решение, науката само докажува и толкува врз основа на факти и документи. Сето друго што се работи преку комисијата, значи се работи за барање на компромис кој може да биде на штета на македонскиот идентите, историско минато и историски континуитет. Бугарскиот дел од комисијата ќе продолжи упорно и доследно во целиот следен период во кој ќе работи комисијата да ја наметне својата теза.изјави - Проф. д-р Михајло Миноски – историчар. Македонско – бугарската историска комисија во меѓувреме продолжува со работа. Последната средба се одржа минатата недела, но повторно без суштински напредок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter