Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
2Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
ХороскопДневен хороскоп за 21. април 2023 годинаДневен хороскоп за петок, 21. април 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија. Кариера Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови. Здравје и совет Поработете на себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено . Здравје и совет Во добра форма сте. Рак 22.6. -22.7. Љубов Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место. Здравје и совет Пад на имунитетот. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете пореални. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа. Здравје и совет Никогаш не е готово. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Не се откажувајте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сѐ што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови. Здравје и совет Прошетајте на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни. Кариера Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака. Здравје и совет Опуштете се во слободното време. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови. Кариера Веројатно ќе добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот. Кариера Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Наспијте се. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро. Кариера Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка. Здравје и совет Дишете со полни гради.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
СветФентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си. Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции. Тие не знаат кои супстанции ги земаат Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин. Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи. Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат. Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење. Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси. Дополнителен предизвик за безбедносните служби Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти. Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата. Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции. Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување. Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување. Снабдувањето со дрога постојано се менува Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“. Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“. Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците. Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.Тагови: дрога фентанил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева. Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад. „Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа. 20 милиони луѓе се изложени на ризик Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко. И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа. „Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа. Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања. Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.Тагови: Авганистан глад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook