Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
2Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
ХороскопДневен хороскоп за 21.3.2019Дневен хороскоп за четврток , 21 март 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера Не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Се повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете се што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаМинчев: Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, ...-Ја градиме академијата по современи европски стандарди, со фокус на знаењето, компетенциите и развој на административните службеници.Рим, Италија - 02.10.2025 Создавање современ систем за професионален развој на административните службеници, развој на нова генерација раководители и воспоставување силна институција за обука и развој на администрацијата беа во фокусот на работната посета на министерот за јавна администрација Горан Минчев на Националото училиште за јавна администрација на Италија - SNA. На средбата со претседателот на националното училиште за јавна администрација, проф. Џенаро Терачано, министерот Минчев разговараше за конкретни можности за продлабочување на соработката меѓу двете институции, особено во пресрет на воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници во Македонија. Националното училиште за јавна администрација на Италија - SNA, е институција на Претседателството на Советот на министри на Италија, со значајна улога во регрутирањето и обуката на државните службеници и раководители, како и во истражувањето и развојот на капацитетите на јавната администрација. Во фокусот на разговорот беше воспоставувањето директен институционален канал за соработка меѓу SNA и идната Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници. „За нас, Академијата не е само нова институција, туку нов пристап кон професионалниот развој на администрацијата. Го воспоставуваме системот во кој знаењето, компетенциите и континуираното усовршување стануваат темел на современата јавна администрација. Токму затоа ни е важно да учиме од искуствата на институции како SNA, кои имаат долгогодишно искуство во развојот на административниот и раководниот кадар.“- истакна министерот Минчев. Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници беше донесен во 2025 година и претставува основа за формирање на Академијата како орган во состав во рамки на Министерството за јавна администрација, која започнува со работа во јануари 2027 година. Академијата ќе воспостави систем во кој обуките ќе се планираат врз основа на реалните потреби на институциите, нововработените службеници ќе поминуваат задолжителна почетна обука и испит, а раководниот кадар ќе има обврска за професионално усовршување по унапредувањето. Системот предвидува и регулиран статус на обучувачите, база на обучувачи, евалуација на програмите и обучувачите, како и истражувачка и аналитичка дејност. „Со ова воспоставуваме институционален механизам што досега недостасуваше - системски да се планира, спроведува и мери професионалниот развој на административните службеници. Не сакаме обуките да бидат само формално исполнување на обврска. Сакаме тие да создаваат знаење и компетенции што директно ќе се преточат во подобра работа на институциите и подобри услуги за граѓаните.“ - порача Минчев. Министерот Минчев го претстави и новиот начин за именување и назначување на високите раководители во јавниот сектор, утврден со неодамна донесениот Закон за високи раководители, и изрази интерес за размена на искуства со SNA во однос на утврдувањето на раководните компетенции и планирање на раководните програми за обука. На средбата беа разгледани и конкретни можности за соработка преку размена на специјализирани програми и методологии, обучувачи и експерти, студиски посети, заеднички истражувања и размена на искуства во областа на развојот на високите раководители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИгор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМРазговори за иднината во 12:05.Денес, петок, 02 октомври, Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на “Бихакќа” ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ. Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваУтре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје. Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanokКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter