Дневен хороскоп за 20. ноември 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 20. ноември 2025 година

Дневен хороскоп за четврток, 20 ноември 2025 година. 

Дневен хороскоп за 20. ноември 2025 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе.

Кариера

Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално.

Здравје и совет

Јадете помалку , движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко.

Кариера

Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно.

Здравје и совет

И натаму сте во добра состојба.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка.

Кариера

На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго.

Здравје и совет

Сконцентрирајте се на целта.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред.

Кариера

Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате.

Здравје и совет

Се засилува вашиот интерес за козметика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот.

Кариера

Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате.

Здравје и совет

Повеќе сон и одмор.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро.

Кариера

Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа.

Здравје и совет

Треба уредно да живеете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца.

Кариера

Не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас.

Здравје и совет

Поважни се зборовите отколку делата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи.

Кариера

Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили.

Здравје и совет

Можете малку да здивнете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките.

Здравје и совет

Немојте да се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение.

Кариера

Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното.

Здравје и совет

Наполнете си ги батериите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите.

Кариера

Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право.

Здравје и совет

Се повеќе работи ве заморуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате.

Кариера

Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат.

Здравје и совет

Прифатете сѐ што доаѓа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ликовна колонија “Љубанци 2026”

Општина Бутел информира дека од 15 до 21 јуни 2026 год. во Љубанци се одржува меѓународната ликовна колонија “Љубанци 2026”.

Ликовна колонија “Љубанци 2026”

Ликовната манифестација се одржува во континуитет 16 години, со учество на 15 ликовни уметници од Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија.

Ликовната колонија беше збогатена и со учество на 40 ученици од основните училишта од општина Бутел.

Локалната самоуправа секоја година го поддржува овој настан и вложува во развој на културата. Вредните дела од ликовната колонија ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално: Силва во Реал М.

Португалецот Бернардо Силва (31) е нов играч на Реал Мадрид.

Официјално: Силва во Реал М.

По девет сезони во Манчестер Сити, португалскиот репрезенативец Бернардо Силва го смени клубот.

Во следните две сезони, тој ќе го носи дресот на трофејниот Реал Мадрид, каде што пристигна на експлицитно инсистирање на Жозе Мурињо.

Денеска, „Кралевскиот клуб“ објави дека португалскиот репрезентативец потпишал и со тоа формално се приклучил на Реал Мадрид.

Во битката за потписот на Силва, Реал имаше жестока конкуренција од Барселона и Атлетико. До пред само неколку дена, Каталонците беа во „пол“ позиција да го доведат, но потоа еден повик промени сè - повикот на Мурињо.

Новиот тренер на Реал буквално им кажа на челниците на клубот дека „Силва мора да биде доведен“, за што, на крајот, тој најмногу придонесе преку личен напор и преговори со фудбалерот.

Поволна околност за клубот е статусот на Силва како слободен агент по истекот на неговиот договор со Сити, па затоа не беше потребно да се исплати обештетување, поради што беше „само“ важно да се убеди Португалцот да го изберат Реал, покрај Барса и Атлетико.

Но, тука на сцената стапи, специјалниот Мурињо , кој со своите вештини на убедување успеа да го натера Силва да се сврти кон реал и да потпише договор со гигантот од Мадрид.

Така Португалецот стана ново засилување за Реал за краток период, бидејќи клубот го обезбеди потписот на Марко Кукурела од Челзи, а во наредниот период се очекуваат и пристигнувањата на Ибрахима Конате од Ливерпул и Дензел Дамфрис од Интер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трибина во Народната банка во соработка со Амбасадата на Швајцарија

Довербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност.

Трибина во Народната банка во соработка со Амбасадата на Швајцарија

„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Македонија. На настанот се зборуваше за актуелните макроекономски прашања и светските предизвици во услови на зголемена неизвесност, геополитички тензии, промени во трговските и финансиските текови и забрзан технолошки развој.

Во своето обраќање, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески истакна дека стабилниот девизен курс на денарот во однос на еврото веќе три децении претставува важен столб на макроекономската стабилност во земјава.

„Иако светскиот монетарен систем се соочува со нови предизвици и постепени промени, Народната банка е посветена на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност преку кредибилни политики и меѓународна соработка. Народната банка успешно се справи со последните светски шокови, ја намали инфлацијата и ја зачува стабилноста на девизниот пазар. Девизните резерви се на солидно ниво, а довербата во денарот и во банкарскиот систем е зачувана“, истакна гувернерот Славески.

Во своето обраќање, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Кристоф Зомер нагласи дека историјата на швајцарскиот франк покажува дека стабилноста на една валута не е резултат на случајност или на поединечни политики, туку на децении одговорно управување, институционален континуитет и долгорочна визија.

„Технологијата може да го промени начинот на кој се движат парите, но довербата во парите и понатаму ќе зависи од институциите. Во време на брзи промени, централните банки се меѓу најважните столбови на стабилноста, кредибилитетот и довербата. Нивната улога не е само техничка. Таа е суштински поврзана со зачувувањето на довербата, како едно од највредните добра што може да ги поседува една економија“, истакна амбасадорот Зомер.

Посебно внимание на трибината му беше посветено на одбележувањето на јубилејот 80 години централнобанкарска традиција во земјава. Беше нагласено дека ваквите значајни јубилеи потврдуваат дека силните институции се градат постепено, преку континуитет, професионалност и доследна посветеност на јавниот интерес.

Во рамките на настанот беше истакнато и значењето на Меморандумот за соработка меѓу Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) за периодот 2025 – 2028 година, којшто ќе придонесе за унапредување на аналитичките алатки на монетарната политика, понатамошна модернизација на финансискиот сектор и за зајакнување на институционалните капацитети на Народната банка.

Економистот Коста Вајена одржа презентација на настанот, додека на панел-дискусијата учествуваа и професорот од Женевскиот институтот за постдипломски студии Cедрик Тиј, економистот од Народната банка на Швајцарија Флоријан Вебер и претседателот на Одборот на директори на „Макстил“ Димитар Цветковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер