Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
1Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 20. ноември 2021 година Дневен хороскоп за сабота, 20. номеври 2021 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот деновиве ќе се врти околу вашите пријатели. Како да сте заборавиле дека може да бидете во двојка и целосно ќе се предадете во дружење во група. Вашата најдрага личност би можела да ви забележи за тоа и да се чувствува запоставено. Кариера За да го поправите она што го работите , морате дасе отворите и повеќе да соработувате со други. Ставот дека некој кој самиот по себе е доминантен , не е добар, а особено не кога тоа го мислите за себе. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно , а тогаш и полесно. Здравје и совет Добро е да се занимавате со спорт. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ви се присторува како љубовта да ви бега за милиметар. Тоа ќе ве нервира и натажува. Треба да разберете дека не е се во вашиот настап , туку и дека другата страбна има свои права. Некои не сакаат да бидат искористувани , па меѓу нив и вашиот љубовен партнер. Кариера На некои ќе им биде понудено да ја водат целата работа и во тоа ќе може да се снајдат повеќе од добро. Затоа не се мислете , туку искористете ја можноста најдобро што можете. Ќе треба само да подготвите некои детали. Приберете се на време. Здравје и совет Водете сметка за своите критериуми во секоја област. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе имате добар ветар во грбот кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отовраат многу врати полесно отколку вообичаено , ќе бидете позитивни на интересни дружења и на интересни места. Ако сте сами , прифатете ги поканите и тргнете меѓу луѓе. Тие ве очекуваат. Кариера Соработката со угледни или влијателни луѓе полека доаѓа во прв план . Вие ќе станете важна фигура во целата игра. Затоа , немојте да бидете премногу скромни , туку дозволете си себеси да ги покажете послободно сопствените амбиции. Ортворете се и бидете она што сте. Здравје и совет Повремено направете пауза и опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Заситени од излегувањата и забавите, ќе побарате мир и повлекување. најдобро ќе се чувствувате дома , а ако саканата личност е со вас, уште подобро.Оние кои се сами , сепак повеќе време ќе минуваат во друштво, а истовремено како нивната фантазија да нема граници. Кариера За да го поправите она што го работите , ќе мора дас е отворите и повеќе да соработувате. Не треба да имате став дека на некого работите ќе му паднат од небо заедно со заслугите. Поработете на сопствената анализа и ќе ви биде појасно. Здравје и совет Одете на излет во природа. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе увидите дека понекогаш се потребни и мали чекори за да се дојде до нечие срце. На тој начин дискретно ќе освојувате. Ќе бидете речиси невидливи, а киога ќе се покажат резултатите , на другата страна ќе и стане јасно дека токму вие сте личноста што ја барала. Издржете. Кариера Можеби ќе ви изгледа како да ве притискаат од сите страни , но всушност станува збор за предизвици на кои треба да одговорите за да дојдете до што подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во која ќе треба да се покажете како борец. Здравје и совет Уживајте во љубовта и во животот . Овен 21.3-20.4. Љубов Искрени совети од добри луѓе ќе ви помогнат за да го поминете овој за вас здодевен љубовен период. Многумикна ќе побараат книга со совети за својот приватен живот. Ќе ги употребат советите дури подоцна кога ќе бидат во врска. Кариера Веројатно ви претстои поголема материјална добивка , која ќе ве засили и ќе ве поттикне даработите уште повредно. ценете го трудот на секого , но она што сега ќе се постигне ќе го сметате за исклучиво сопствена заслуга. Сепак , најдете налчин како да ги наградите и соработниците. Здравје и совет Не е злато се што сјае. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост кон некого , зашто така одредуваат правилата бна однесување. Во сејкој случај , не е многу типично за вас. Моралните двоумења ќе ве следат во текот на целата недела. Кариера Пред вас е се повеќе отворен пат за развој на професионален план . кај некои ќе се покаже како се подобро поврзување или соработка со луѓе од браншата или со странци.Ќе има и такви кои ќе заминат на службено патување. Здравје и совет Чувајте си ја енергијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас се денови со добри но не големи љубовни шанси. искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата меѓув ас и партнерот. Исто така е потреббно да примените самоконтрола , зашто повремено ќе реагирате како што не треба.Размислете за сето ова. Кариера Следува поддршка од други за она што го работите , а со тоа ќе дојде и потребата за да се направите малку важни. Нема потреба за тоа . Подобро само работете , а подоцна пуштете ги другите само да ве фалат . Така ќе биде поуверливо. Здравје и совет Уживајте во спортот и во животот. Рак 22.6-22.7. Љубов Овие денови ќе ве следат убави љубовни шанси . Искористете го тоа за да уживате или некому да искажете љубов. Некои пшовремено ќе чувствуваат недостиг на привлечност , па ќе смислуваат настани за кои нема реална основа. Ако не ви е здодевно , помогнете му на некого. Кариера Доста работни задачи доаѓаат до својот крај . Подгответе се за анализа или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои поради околностите ќе заминат порано на годишен одмор. Некои ќе продолжат да работат од дома и во тоа ќе наоѓаат повеќе смисол отколку да работат од работното место. Здравје и совет Секој ден најдете пет минути мир само за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе им бидете интересни на другите, заводливи , шармантни и елоквентни. Сите тие се особини со кои може да остварите пријатни познанаства , а можеби и многу повеќе. Немојте да останете сами , зашто ова се денови кога имате зголемени шанси да најдете вистински партнер. Кариера На дневен ред доаѓаат амбициите . Ќе има и такви кои дефинитивно ќе доведат до крај една фаза од работењето. Нови очекувања се пред вас , но за нивното остварување ќе треба да биде поставена и нова основа. Здравје и совет Излезете на сонце и во природа. ќе ве освежи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако сакате да освоите некого , бидете подискретни. Ако сте во врска премолчете ја критиката кон партнерот. Другиот дел на неделата ви носи подобри љубовни шанси , но се уште нес е такви за да може да се размавтате. Одете чекор по чекор , па резултатите ќе бидат потрајни. Кариера Со задоволство ќе покажете што знаете , но чувствувате дека се уште не е време за тоа. Во право сте. некои работи подобро ќе дојдат до израз доколку почекате уште само малку. Затоа сега оставете ги скриени , па дури и ако истрпите и мала фрустрација. Здравје и совет Ви претстои долг пат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви се чини како да не е вистинско време за љубов. Ќе имате право, но овие денови би можеле да ви донесат задоволство ако успеете да ги дефинирате своите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и спроведете мала лична анализа. Преиспитајте се малку подлабоко. Кариера Оние кои искрено се преиспитале , знаат што треба да прават и ќе тргнат во таа насока. Оние кои уште не размислиле за себе , веројатно ќе се соочат со последиците на сопствените амбиции и дури сега ќе увидат каде згрешиле. Тоа е чекор напред. Здравје и совет Бидете поотворени кон луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПолицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал. Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата. Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си. 🔥🚨DEVELOPING: A Florida man who was found dead in his home during a welfare check in July 2022 and a officer who discovered the body named Brian Louis Sguros with the Lauderhill Police Department moved into the home and spent years impersonating him. https://t.co/k5AO01IkfJ — Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) October 22, 2026 Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата. Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард. Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале. Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест. Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест. Florida officer accused of stealing dead man's identity and moving into his home, police say https://t.co/SoitCwbpYg — BBC News (World) (@BBCWorld) October 22, 2026 Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година. Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година. Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат. Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари. Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата. Тој плати кауција од 25.000 долари Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред. Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.Тагови: полицаец флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСнимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти. Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица. Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот. Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба. 🇵🇭 Four Philippine Air Force pilots were killed in a collision of two SF-260 training aircraft The planes collided in mid-air and crashed within the perimeter of Fernando Air Base in Lipa, south of Manila. All four pilots on board both aircraft died. https://t.co/1WX1rNtcY1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 24, 2026 Филипинската војска се соочува со недостаток на средства Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени. Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства. Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.Тагови: пилоти Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОНСоветот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН. Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага. Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН. Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства. 🚨 Death toll from drone attack on market in disputed Abyei region between Sudan and South Sudan rises to 153, official says 📌 South Sudanese official accuses Sudanese army of carrying out attack, while 30 injured remain hospitalized https://t.co/33khVc392z https://t.co/WpKQ6QE6XU — Anadolu English (@anadoluagency) October 21, 2026 Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле. Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност. Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН. Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината. Тагови: дрон Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38