Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата
2Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 20. март 2023 година Дневен хороскоп за понеделник, 20. март 2023 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика. Здравје и совет Ќе ја надминете малата меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава. Кариера Направете сѐ што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење. Здравје и совет Вежбајте повеќе. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите. Кариера Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност. Здравје и совет Можни се интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта. Кариера Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите. Кариера Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност. Здравје и совет Добро ќе се држите. Лав 23.7-22.8. Љубов Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи. Кариера Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу. Здравје и совет Душевен немир. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра. Кариера Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа. Здравје и совет Зголемена општа сензуалност . Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов. Кариера Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното. Здравје и совет Ќе сонувате интересни сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание. Кариера Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни. Здравје и совет Дотерајте се за да блеснете уште повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат. Кариера Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите. Здравје и совет Почитувајте го своето тело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин. Кариера Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара. Здравје и совет Одморете се од преголемите очекувања. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени. Кариера Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат. Здравје и совет Продолжете понатаму .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолем одзив на карпошани во акцијата „заедно за чист Карпош!“Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедницаГолем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволната акција за чистење „Заедно за чист Карпош!“, која се реализираше на повеќе локации низ Општина Карпош. Со цел акцијата да се спроведе поефикасно и да опфати повеќе јавни површини, учесниците беа организирани во три работни тимови, кои истовремено работеа на три локации: * Козле – просторот околу споменикот КЈП во Козле, спроти „Алумина“; * Лептокарија – јавните површини во ТЦ Лептокарија; * Карпош 3 – јавните површини спроти Општина Карпош. На сите три локации учесниците собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со што придонесоа за уредување на јавните површини и создавање почиста и поуредна животна средина за сите жители на Карпош. Во акцијата активно учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација беше дел од работните тимови и лично се вклучи во чистењето. „Заедно за чист Карпош!“ е пример за заедничка посветеност, одговорност и директна работа во интерес на граѓаните. Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница. Општина Карпош упатува благодарност до сите карпошани кои денеска се приклучија на акцијата и со своето учество дадоа придонес кон почист, поуреден и поубав Карпош. Заедно за почист, поуреден и поубав Карпош! Општина КарпошТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државатаМинистерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Министерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем. „За нас како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, секој нов капацитет има пошироко значење. Нашата цел е да изградиме енергетски систем кој ќе биде сигурен, стабилен, модерен и конкурентен – систем кој ќе може да одговори и на потребите на граѓаните и на растечките потреби на индустријата“, истакна Божиновска. Таа нагласи дека енергетската сигурност денес не е само прашање на производство на електрична енергија. „Енергетската сигурност е прашање на економска стабилност, конкурентност, инвестиции и квалитет на живот. Секој нов мегават домашно производство значи дополнителен капацитет и поголема отпорност на нашиот систем во услови на променливи цени и неизвесности на европските и светските енергетски пазари“, порача министерката. Божиновска посочи дека развојот на енергетиката мора да продолжи со инвестиции во нови производни капацитети, но истовремено и со сериозни вложувања во мрежата, инфраструктурата, енергетската ефикасност, обновливите извори и современите технологии. „Тоа е патот кон енергетски систем кој нема само да произведува повеќе енергија, туку ќе биде подобро управуван, поотпорен и подготвен за предизвиците што ги носи новото време“, нагласи Божиновска. Министерката испрати јасна порака дека Македонија има потреба од нови инвестиции во енергетиката и дека Министерството ќе продолжи да создава предвидлива и стабилна средина за нивна реализација. „Енергетските инвестиции можат и мора да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Нашата задача како институција е да создадеме услови за развој, но истовремено да го чуваме јавниот интерес и да обезбедиме сигурен и стабилен енергетски систем за државата“, истакна Божиновска. Таа додаде дека за Министерството е особено важно домашните инвеститори да имаат доверба и сигурност да вложуваат во енергетската иднина на државата. „Нашата порака е јасна – Македонија треба да продолжи да гради, да инвестира и да создава нови енергетски капацитети. Но секоја инвестиција треба да носи поширока вредност – за економијата, за локалната заедница и за иднината на државата“, порача министерката. Новата когенеративна постројка на „ТЕССА Енерџи“ е реализирана врз основа на Овластување за изградба на енергетски објект издадено од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, по успешно завршени технички прегледи и функционални испитувања. Тоа покажува дека енергетските инвестиции можат да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Постројката има инсталирана моќност од 2,106 MW за производство на електрична енергија и капацитет од 2,6 MW топлинска енергија. Инвестицијата претставува прва фаза од поширок план за развој и модернизација на поранешната Топлана Скопје Север во современ енергетски центар. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со политики кои значат повеќе домашни капацитети, поголема енергетска сигурност и стабилен систем – затоа што силната енергетика е основа за силна економија и сигурна иднина на државата. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСо мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“Првата вечер од четвртото издание на „Taste the South“ донесе токму она по што е препознатлив југот – добра храна, музика, дружење и забава до доцна во ноќта.Како што одминуваше вечерта, фестивалскиот простор во Mega Shopping Park собираше сè повеќе посетители. Мирисот на печени пиперки ја најави есента, а подготовката на ајварот привлече големо внимание. Посетителите имаа можност да го проследат целиот процес, да пробаат свежо подготвен ајвар и да уживаат во понудата на локални производи и македонски вина. На сцената настапија ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, Филип Стојанов, „Пауза за ракија“, „Куку Леле“ и „Брас Брадарс“. Песната, танцот и добрата забава ја одбележаа првата фестивалска вечер и донесоа вистинско јужно расположение во Гевгелија. „Taste the South“ продолжува вечерва со нови вкусови и нова музичка програма. Вториот фестивалски ден е посветен на смоквата и производите од смокви, па посетителите ќе можат да ја проследат нивната подготовка и да ги дегустираат специјалитетите по кои е познат гевгелискиот крај. Вечерашната програма започнува во 18:30 часот со настап на КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, во 20:15 Кико Болеро и „Болеро бенд“, во 21:30 „Нокаут“, а вечерта ќе продолжи со Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ во 23:15 часот. Фестивалот продолжува и во недела, од 14:00 часот е подготвена програма за сите генерации. Први ќе настапат Школата за гитари и Школата за тапани при Пионерскиот дом, по што следуваат Ансамблот „Бојмија“, танцовото студио „Мистик“ и Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Во вечерниот дел ќе настапат Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот, со чиј концерт ќе биде заокружено четвртото издание на фестивалот. Неделата ќе биде посветена и на традиционалната ракија. Посетителите ќе можат да ја проследат нејзината подготовка, да дегустираат и да поминат уште еден ден исполнет со вкусовите и обичаите на југот. „Taste the South“ се одржува во Mega Shopping Park во Гевгелија. Вечерашната програма трае од 18:30 до 01:00 часот, а во недела од 14:00 до полноќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter