Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот
1Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
2Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народот
3ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!
ХороскопДневен хороскоп за 20. мај 2020 година Дневен хороскоп за среда, 20. мај 2020 година.Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата. Кариера Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале. Здравје и совет Одличен ден за вработените. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале. Кариера Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Кариера Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе. Кариера На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата. Кариера Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица. Кариера Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство. Здравје и совет Одете до крај без двоумење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо. Кариера Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи. Здравје и совет Издржете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Кариера Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања. Здравје и совет Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами. Кариера Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите. Здравје и совет Комуницирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате. Кариера За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас. Здравје и совет Се враќате низ сеќавањата. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност. Кариера Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото. Здравје и совет Кашлица. Овен 21.3-20.4. Љубов Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот. Кариера Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите. Здравје и совет Во добра форма сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економијаПретседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ Венко ФилипчеПретседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ Венко Филипче, укажувајќи му дека обидите за поврзување на актуелните политички случувања во Србија со него и со Владата се засноваат на, како што рече, лаги и политички конструкции. „Овие прес конференции кои што вашата политичка партија ги пренесува а што се однесува до изборите во Србија и нивното поврзување со нас во контекст на тој кој чии и каков ментор бил нема да ги коментирам. Ќе остава на времето да даде одговор на сето тоа кое што вие го кажувате денеска и лагите ги испраќате. Јас вчера во една моја изјава се извинив на граѓаните за сето она кое што ќе го слушаат во периодот кој што следи. Тоа е едноставно нивото со кое што вие мислите дека во овој момент ќе добиете гласови. Тоа е ваша одлука, слободно водете политика она како што мислите. Но, ако мене ме прашувате за совет, мислам дека чекорите многу погрешно. Но, тоа е ваша одлука, јас нема тука да се мешам.“, изјави Мицкоски и додаде: „Истото го зборувавте и за Орбан пред 6 месеци, истите прес конференции од А до Ш. Споредете ги и во овие 6 месеци, и тогаш велевте ќе се откриеле криминалиите на Мицко со Орбан, не знам што е се случуваше итн. Но, еве поминаа 6 месеци се откри една работа, дека сме земале добар финансиски кредит од страна на Унгарија. Кредит кој што го употребивме соодветно, а доказ за тоа дали сме го употребиле соодветно е денешниот извештај од Државниот завод за ревизија.“ Премиерот Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија. „Денеска Државниот завод за ревизија вели дека средствата од унгарскиот кредит се наменети за раст на македонската економија, дел дека се наменети за враќање на евро обврзница која што вашата влада ја има подигнато, тоа е половина милијарда, и дел дека се за поддршка на македонското стопанство.“, рече Мицкоски. „Значи во овие 6 месеци нема ни К од криминал, туку потврда дека оваа влада за оваа држава направила добро дело.“, дециден е Мицкоски.Тагови: Венко Филипче Собранието Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата ама тебе не – поради тоа како владееш и како го навредуваш народотПретседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта.Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски за начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите, навредите кон граѓаните, криминалните врски со Вучиќ, избегнувањето конкретни одговори пред јавноста и распродажбата на земјата. „Сакам да кажам почитуван премиер, ама не можам. Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично, најмногу поради тоа што на тој начин ја практикуваш власта. Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации“, рече Филипче. Тој нагласи дека премиерот повеќе од две години ги избегнува конкретните одговори, а наместо отчетност нуди навреди и дефокусирања. „Не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години. Јас ќе се обидам сега ќе поставам едно прашање кое што е многу важно. Искрено се надевам дека нема да слушаме дел повторно од твојот фолклор, затвори, решетки, лисици, талог, медиокритет и така натаму. Зграда во Дубаи и Харис Џиновиќ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека системот на политичка поддршка од Унгарија и Србија се губи со падот на Вучиќ и дека ќе мора да одговара на прашања и надвор од собраниската сала. „Јас знам дека тебе сега не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места“, порача тој. Филипче ги отвори и прашањата за финансиските текови, нагласувајќи дека информациите за можни трансфери на пари од Србија бараат одговори и одговорност. „Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче. Тој додаде дека на прашањата пред надлежните инстанци нема да може да се одговара со истиот начин на дефокусирање. „Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 29.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалШто се случува со предводникот на Баерн М. Винсент Компани? Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, останува во болница откако во петокот колабираше, а официјалната причина за неговиот здравствен проблем сè уште не е соопштена.Во меѓувреме, се појавија нови информации за неговата состојба, како и за можните причини за инцидентот, пренесува германскиот портал „tz.de“. Компани е на испитувања во клиника во Минхен, а тимот на Баерн привремено го води неговиот помошник Арон Данкс, кој во понеделникот го посети во болница. „Тој е добро расположен. Се чини дека секој ден му е подобро, што е многу позитивно“, изјави Данкс, напоменувајќи дека сè уште нема информации за дијагнозата или за датумот на враќање на Компани на работа. Според него, белгискиот стручњак е смирен и има доволно време за закрепнување. За време на посетата, тие не разговарале за фудбал и тактика, туку се фокусирале на лични теми. „Имавме пријатен разговор, но воопшто не спомнавме фудбал или тактика. Тој се интересираше за состојбата на играчите и на другите членови од стручниот штаб. Тоа беше чисто пријателски разговор“, објасни Данкс. Во меѓувреме, се појавија и информации за последиците од падот. Според порталот „Absolut Bayern“, Компани го изместил рамото за време на инцидентот во тренинг-центарот на Баерн на улицата Зебенер (Säbener Straße). Повредата била санирана откако тој бил пренесен во болница, каде што потоа бил задржан на дополнителни прегледи. Истиот извор наведува дека тренерот во текот на тој ден се пожалил на силни главоболки, поради што во изминатите денови бил подложен на детални невролошки прегледи. Сепак, официјална дијагноза сè уште не е објавена. Исто така, се појавија тврдења дека уште пред овој настан, Компани бил свесен оти е преоптоварен со обврски, поради што наводно почнал да ја менува својата секојдневна рутина. Според извештаите, белгискиот стручњак сфатил дека мора радикално да го промени својот начин на живот, а еден од главните проблеми наводно бил недостигот на сон поради видео-анализите на натпреварите што ги правел во текот на ноќта. Засега не се знае кога Компани би можел да ја напушти болницата и да се врати на своите тренерски обврски во Баерн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter