ХороскопДневен хороскоп за 20. јуни 2019 година Дневен хороскоп за четврток , 20. јуни 2019 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ја најдете хармонијата што ви бегаше од раце. Ќе ги подобрите односите со саканата личност. Осамените ќе излегуваат и ќе бидат подготвени за љубов. Кариера Ќе обновите некои од контактите со соработнци од странство. Тоа ќе ви го освежи работниот ден. Здравје и совет Ќе се чувствувате подобро. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе посакате да избегате од се и малку да се расположите со друштво. Ситуацијата тоа ќе ви го овозможи. Кариера Не треба премногу да се грижите , зашто некои работи сами од себе ќе се развиваат. Ваше е само да ги следите. Здравје и совет Подучете ги помладите од себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Големата самодоверба ќе ве води во нови љубовни акции. Оние во врска ќе бидат сигурна потпора за саканата личност. Кариера Одличен ден за подобрување на финансиската состојба. Некои ќе добијат пари што долго ги очекувале. Здравје и совет Држете се до своите приоритети. Девица 23.8.-23.9. Љубов Одличен ден за комуникација и неформални кафе-средби. Излезњете , прошетајте се , бидете отворени за луѓе. Кариера Некои заминуваат на деловен пат на кој ги чека пријатна средба и уживање во работата. Ќе биде подобро од очекуваното. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Без премногу зборови ќе бидете насочени кон она што е благородно и позитивно во вашиот однос , а се друго ќе игнорирате. Кариера Не вреди да се заморувате со она што е минато. Прифатете го тоа како анализа и продолжете понатаму. Патот ви е отворен. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе чувствувате минлив немир , што кај вас ќе испровоцира дополнителни прашања , на кои набргу ќе најдете одговори. Кариера Соработката со другите добро ќе се развива доколку успеете да утврдите кој е кој во одредена ситуација. Здравје и совет Останете будни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сентименталноста и нежноста ќе бидат денеска вашите главни особини. Многумина ќе бидат приврзани кон својот партнер. Кариера Ќе влијаете на работите многу повеќе отколку што сте очекувале. Можете речиси се.Искористете го денот. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Како што ќе минува денот , се повеќе ќе гледате колку многу ви значи љубовта и ќе ја поставите на прво место на својата листа на приоритети. Кариера Работата ќе се одвива вообичаено и стабилно , а вие ќе уживате во мирниот работен ден без стрес. Здравје и совет Бидете радосни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска во целост ќе бидете ориентирани на еротика и на секс. Така ќе успеете да ги надминете сите проблеми во односите. Кариера Помирно ќе ги прифаќате сугестиите од другите , зашто се засилува вашата доверба во нив. Подготвени сте на соработка. Здравје и совет Намалете ги калориите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Уште денеска може да очекувате повеќе барања од саканата личност. Бидете трпеливи и што повеќе смирени. Кариера Веројатно ќе бидете сведок на една помала кавга меѓу вашите шефови и соработниците. Вие ќе останете настрана. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот внатрешен глас ќе го одреди однесувањето и во приватниот живот. Ќе ви биде убаво , а душата ќе ви биде исполнета. Кариера Би сакале да се впуштите во нешто што не е конвенционално или што води кон алтернатива. Денеска сте опседнати од тоа. Здравје и совет Успешно ќе истражувате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Влегувате во исклучителна емотивна фаза , кога ќе блескате , а вашата потреба за љубов ќе биде силна. Повеќето од вас ќе бидат со партнер. Кариера Ќе ги прифаќате сите опции , зашто во себеси ќер имате сила за да ги надминете сите граници. Ќе бидете задоволни. Здравје и совет Внимавајте од настинки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00