Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
1Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 20. јули 2021 година Дневен хороскоп за вторник, 20. јули 2021 година .Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават. Кариера Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите. Здравје и совет Продолжете да истражувате за здравиот живот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа. Здравје и совет Разграничете ги приоритетите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина. Кариера Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив. Здравје и совет Имате поголема сигурност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска. Кариера Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето. Здравје и совет Бидете активни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Шоуто во кое се впуштивте , се развуива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов. Кариера Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате. Кариера Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши. Здравје и совет Довршете си ги заостанатите обврски. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине. Кариера Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете. Здравје и совет Користете ги паузите за одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови. Здравје и совет Не се предавајте. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе мечтаете со отворени очи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања. Кариера Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка. Здравје и совет Држете се подалеку од каква било негативност. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе. Здравје и совет Не постои совршенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-140 пратеници сама ќе формира Влада22:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-140 пратеници сама ќе формира Влада22:05
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели Најмалку 22 лица загинаа денеска во судир меѓу автобус и камион на автопат во Кенија, соопшти полицијата.Во несреќата се повредени уште неколку лица, кои се лекуваат, објави Асошиејтед Прес. Се вели дека патниците се враќале од погреб кога се случила несреќата. Абдулахи Калиф, комесар на округот Макуени, каде што се случила несреќата, изјавил дека бројот на жртви може да се зголеми. Околностите околу несреќата сè уште не се јасни, објави АП, додавајќи дека пребрзото возење и лошите услови на патиштата претходно се наведуваат како фактори што придонесуваат за сообраќајните несреќи во Кенија. Националниот орган за транспорт и безбедност на Кенија соопшти дека делот од патот каде што се случила несреќата е означен како „црна точка“ и дека веќе се дадени препораки за подобрување на безбедноста. Пред три недели, 17 лица ги загубија животите во друга несреќа на истиот пат, кој го поврзува главниот град Најроби со крајбрежниот град Момбаса.Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност!Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува историската победа на демократијата и волјата на српскиот народ, кој преку незапирлива енергија, одлучност и масовност ја сруши долгогодишната автократска матрица. Студентите, младите и сите граѓани на нашата северна соседна земја докажаа дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не е посилна од желбата за слобода, праведност и правна држава. Овој демократски пресврт е директна шлаканица за сите автократски системи кои функционираат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на буџетските ресурси за партиски цели, целосна партизација на институциите и манипулација со изборниот процес. Србија денеска покажа дека нејзиниот демократски капацитет е длабоко всаден во сржта на народот и дека секоја изборна инженеринг-машинерија паѓа пред гневот и волјата на граѓаните. „Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите, надвор од вклучувањето на буџетот во служба на една партија и надвор од воспоставените автократски матрици! Србија покажа дека единствено народот е суверен. За ЛДП, казнивост за корупцијата мора да има, правда мора да има подеднакво за сите, а за единството и европскиот пат нема алтернатива. Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание. ЛДП изразува надеж дека со овој демократски чин, Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат. Оваа победа е јасен сигнал и предупредување за сите регионални политичари кои мислат дека со контрола, монопол и трошење на народни пари можат вечно да го држат сопствениот народ во заложништво. Времето на автократите и партиските монополи завршува. Демократијата, праведноста и европската иднина на Балканот немаат алтернатива! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-140 пратеници сама ќе формира Влада22:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-140 пратеници сама ќе формира Влада22:05
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29