Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ХороскопДневен хороскоп за 20. јули 2020 годинаДневен хороскоп за понеделник, 20. јули 2020 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето. Кариера Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи. Здравје и совет Свртете се кон иднината. Лав 23.7-22.8. Љубов Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега. Кариера Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент. Здравје и совет Презентирајте ги своите идеи. Добри се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите. Кариера Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција Здравје и совет Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација. Вага 24.9.-23.10 Љубов Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат. Кариера Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други. Здравје и совет Покажете ги своите таленти. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов. Кариера Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат. Кариера Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино. Здравје и совет Вашите пријатели можеби ве шпионираат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред. Кариера Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Нервоза и замор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува. Кариера Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм. Здравје и совет Ништо не може да ве изненади. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање. Кариера Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат. Здравје и совет Немир и несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови. Кариера Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно. Здравје и совет Сетете се на своите приоритети. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат. Кариера На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи. Здравје и совет Клопчето треба да се одмота до крај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ЕвропаГолерм руски напад на Киев среде бел ден (ВИДЕО)Денеска Русија го продолжи својот напад со беспилотни летала врз Киев, а нападите се продолжија од ноќта и утрото па сè до дневните часови. Според најновите податоци од градоначалникот Виталиј Кличко, две лица загинаа, а најмалку 43 беа повредени. Асошиејтед Прес објави дека руски беспилотни летала го нападнале украинскиот главен град во неколку бранови во текот на денот, а нападот продолжил и попладне. Колони црн чад се издигале над делови од градот, а зградите и инфраструктурата биле погодени. 💥 Aftermath of the Geran drone strike on the "G50" data center in Kyiv. 📍 50.4357592, 30.5002801 https://t.co/ATw1chRhzp — Military Summary (@MilitarySummary) September 23, 2026 Погодени згради, бензински пумпи и областа до главната станица Напади се регистрирани во неколку области на Киев. Погодени се деловни згради, магацини и бензински пумпи, а едно беспилотно летало погоди деветкатна зграда. Пожарот избувнал и во областа на историската зграда на поранешниот железнички пазар недалеку од главната железничка станица. Железничката инфраструктура е исто така оштетена. Two people were killed and 36 people were wounded during a Russian kamikaze drone attack on Kyiv, which began early this morning and ended just 20 minutes ago. https://t.co/D9efq2OmfE — Douggie Fukkew (@MrFukkew) September 23, 2026 Фотографиите на Ројтерс од местото на нападот покажуваат пожарникари во погодениот деловен центар и чад што се издига над градот. Ројтерс објави и фотографија од украинските сили како отвораат оган врз руски дрон над Киев. Нападот се случи во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој треба да се обрати на Генералното собрание и да одржи состаноци со европските лидери и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Русија сè повеќе користи брзи млазни беспилотни летала Денешниот напад доаѓа во време кога Русија сè повеќе користи млазни верзии на беспилотните летала „Шахед“. Ројтерс вчера објави дека овие беспилотни летала летаат многу побрзо и на поголеми височини од класичните „Шахед“ со пропелер, што им отежнува на украинските мобилни противвоздушни групи да ги пресретнат. Според украинските проценки објавени од Ројтерс, ефикасноста на пресретнувањето на вакви беспилотни летала е значително помала од онаа на постарите модели. Руското Министерство за одбрана објави дека за време на ноќните напади тие ги таргетирале објектите на украинската воена индустрија и енергетскиот сектор, логистичките центри и бродовите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикиниТравел блогерката Синтија Бенитез доживеа непријатно искуство додека пливаше со желки во една лагуна во Танзанија.Додека посегнуваше кон едно животно пред неа, друго ѝ пријде одзади и ја касна за задникот. Шокирана, инфлуенсерката врисна и излезе од водата, а снимката од инцидентот набрзо се прошири на социјалните мрежи. Трага од каснување и вирално видео Потоа, Бенитез се пошегува во описот на видеото: „Мислев дека желките се безопасни...“ Фотографијата направена по инцидентот покажува црвена трага од каснување, иако за среќа, таа не се здоби со сериозни повреди. Видеото собра над 400.000 прегледи на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Cynthia Benitez Fernández (@cynthiaabenitez) „Желката очигледно беше гладна“ Следбениците главно реагираа со хумор на ситуацијата. Како одговор на коментар во кој видеото се опишува како „многу корисна“ информација, Бенитез одговори: „Никогаш не ѝ врти грб на желка“. Друг корисник напиша: „На желката ѝ беше доста од пластика, па реши да ја извади од водата“. Имаше и коментари дека животното „очигледно било гладно“, како и порака: „Таа желка сум јас во некој претходен живот“.Тагови: желка Танзанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРаботник загина на еден од најпознатите италијански споменициИталијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс. Реакција од властите и управата на паркот „Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата. Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим. Синдикатот бара целосно затворање Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој. Извор: Индекс.хрТагови: загинат работник Колосеум Рим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook