ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 20. јули 2019 година Дневен хороскоп за сабота, 20. јули 2019 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето. Кариера Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи. Здравје и совет Свртете се кон иднината. Лав 23.7-22.8. Љубов Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега. Кариера Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент. Здравје и совет Презентирајте ги своите идеи. Добри се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите. Кариера Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција Здравје и совет Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација. Вага 24.9.-23.10 Љубов Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат. Кариера Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други. Здравје и совет Покажете ги своите таленти. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов. Кариера Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат. Кариера Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино. Здравје и совет Вашите пријатели можеби ве шпионираат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред. Кариера Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Нервоза и замор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува. Кариера Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм. Здравје и совет Ништо не може да ве изненади. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање. Кариера Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат. Здравје и совет Немир и несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови. Кариера Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно. Здравје и совет Сетете се на своите приоритети. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат. Кариера На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи. Здравје и совет Клопчето треба да се одмота до крај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook