ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија
МАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во Албанија
1ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија
2МАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во Албанија
3Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
ХороскопДневен хороскоп за 20. јануари 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 20. јануари 2026 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да ги измешате сите свои љубовни идеали со фантазијата. Резултат ќе биде влијание и од оние личности , кои инаку не ве привлекуваат. Кариера Најбитно за вашиот денешен успех на работата е соработката со другите колеги. Пуштете ги малку повеќе тие да се ангажираат. Здравје и совет Избегнувајте алкохол. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Чувствувате дека вашата сакана личност има зголемени емотивни апетити и се обидувате тоа да го задоволите со внимание и нежност. Кариера Нема ништо особено ново да се случува на работа. Се тече стандардно. Здравје и совет Бидете она што сте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе добиете поетска инспирација и че изразите љубов на необичен начин . Сепак , се на крајот ќе биде добро прифатено. Кариера Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не. Здравје и совет Одете порано на спиење. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот денеска би можел да се најде малку повреден од вашиот ненадеен настап. Затоа контролирајте се за да не го нарушите добриот однос. Кариера Можно е да се најдете во ситуација на нелегална финансиска трансакција. Пазите што ви нудат или обратно. Здравје и совет Не се грижете за туѓите проблеми. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска , вашиот взаемен однос ќе се подобрува. Ако сте сами , излегувајте , зашто ќе бидете забележани. Кариера напредуваат интелектуалните и креативни работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје и совет Имете влијание врз околината. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се потрудите за да бидете љубезни и услужливи кон партнерот. На тој начин ќе ја ублажите малата дистанца во вашиот однос. Кариера Пред вас е искушение на финансиски малверзации поради млади и неискусни колеги или поради некаква забава. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Рак 22.6-22.7. Љубов Со шеги и смеа , ситните дофрлања и провокации ќе спасувате мали несогласувања во врската. Кариера Вашите претпоставени денеска нема да ве збунуваат со нивната пречувствителност. пазете да не ви најдат грешка во деталите. Здравје и совет Крајот делото го краси. Лав 23.7-22.8. Љубов Радосни сте зашто ви се подобрува љубовниот живот , но се уште не е крај на ситните провокации. Бидете внимателни поради тоа. Кариера Доколку денеска отворено му се спротиставите на шефот , ќе изгубите и ќе се почувствувате многу малечки. Затоа немојте. Здравје и совет Ситните грижи лекувајте ги со хумор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е да добиете покана за посета на вашето семејство , каде ќе ја поведете и саканата личност. Кариера Колегите на работа се повеќе ве ценат и почитуваат , па врз тоа градете ја својата новонастаната доверба. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе успеете да ја задоволите секоја желба на саканата личност. Нема крај на вашата љубезност. Со тоа малку и претерувате. Кариера Не се грижете зашто за вас состојбата се одвива добро. Денеска занимавајте се со поситни финансиски анализи. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Бидете и поддршка на вашата сакана личност , зашто таа од вас тоа го очекува , а тоа и го заслужува. Така ќе го подобрите својот однос. Кариера Денеска е ден кога одлично ќе се развиваат сите работи , кои се поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе одат сами од себе. Здравје и совет Можна е несоница. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На интересно место , каде ќе излезете би можеле да зрачите како хипнотизирачки магнет. Сите ќе ви се залепат. Кариера Можеби сонувате некоја друга работа или друг шеф , но тоа е само сон. Бидете тука и сега и така ќе поминете најдобро. Здравје и совет Почекајте поубаво утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенијаНа 23 октомври 1893 година, во тешки и неизвесни времиња, се роди Македонската револуционерна организација, која низ годините дејствувала под различни имиња, но со еден единствен код – ВМРО. Таа е сопатник и главен организатор на македонската револуционерна борба, обединувајќи ги стремежите на македонскиот народ за слобода, автономија и национално достоинство. Преку својата дејност, Организацијата е длабок белег во македонската историја и симбол на непокорот, пожртвуваноста и вековниот стремеж за сопствена држава. Македонските револуционери ги поставија темелите на борбата за слобода, национално достоинство и право македонскиот народ сам да ја гради својата иднина, слободно да ги чува и негува своите традиции, јазик, култура и национална посебност, достоинствено и рамо до рамо со европските народи. Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава. Денес, со гордост и почит, се сеќаваме на македонските револуционери, на нивната храброст, самопрегор и непоколеблива верба во правдата. Нивната жртва не смее да биде заборавена. Денешната слобода и македонската државност се обврска што ја носиме пред сите генерации што се бореле, страдале и верувале во Македонија. Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина. Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нè обединуваат. Ова е наследството што треба достоинствено да им го предадеме на идните генерации. Да го чуваме она за што се бореле нашите предци, да го почитуваме она што сме и да ја градиме Македонија каква што ја посакувале генерациите пред нас, слободна, достоинствена, просперитетна. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!,се наведува во честитката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во АлбанијаМакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот.Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот, како и до сите граѓани кои ги почитуваат слободата, човечкото достоинство, солидарноста и правото на секој народ да го зачува својот национален идентитет. Во честитката, потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, се истакнува историското значење на овој датум, кој потсетува на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, правда, достоинство и подобра иднина. „Нивната борба е дел од историското наследство на Македонија и потсетник дека слободата и човековите права се вредности што бараат постојана грижа, одговорност и посветеност“, се наведува во честитката на МАЕИ. Посебен акцент е ставен на придонесот на македонските села кои денес се наоѓаат на територијата на Република Албанија. Македонското население од Преспа, Голо Брдо, Врбник, Поле и другите краишта имало свое место во револуционерното движење и во историските настани поврзани со Илинденското востание од 1903 година. Преку учеството на востаници, поддршката на македонската револуционерна организација и солидарноста со борбата за слобода, жителите на овие села придонеле за зачувувањето на идеалите за слободна Македонија. Од МАЕИ нагласуваат дека нивниот придонес претставува важен дел од историското наследство на Македонците во Албанија и заслужува да биде зачуван и пренесуван на идните генерации. Во честитката се истакнува и дека македонската заедница во Албанија и денес продолжува да го чува и развива своето историско, јазично и културно наследство, истовремено придонесувајќи за демократското општество, меѓуетничкото разбирање и соживотот во Република Албанија. Според МАЕИ, одбележувањето на 23 Октомври не е само потсетување на историските настани и жртвите на македонските револуционери, туку и повик за одговорно градење на иднината – општество во кое различностите се почитуваат, малцинските права се гарантираат, а секој човек има можност слободно да го изразува својот идентитет и да придонесува за заедничкиот напредок. „Со длабока почит им оддаваме признание на сите кои се бореле за слободата и достоинството на македонскиот народ. Нивната посветеност нека биде инспирација за единство, меѓусебно почитување, солидарност и истрајност во зачувувањето на нашето историско и културно наследство“, се наведува во честитката потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски. Од Македонската алијанса за европска интеграција упатија порака за зачувување на македонската историја, јазик, култура и традиции, како и за градење иднина заснована врз мир, слобода, еднаквост, меѓусебно почитување и достоинство. „Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!“, порачуваат од МАЕИ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаПартизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комититите. Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки напор се обиделе, но не успеале да го остварат сонот за национална држава. Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив. Зарем можеме да ја разбереме сегашноста ако не ги познаваме и не ги почитуваме идеалите, надежите и историските чекори низ коишто се формирала нашата национална самосвест? Токму затоа, 23 Октомври има особено место во македонската историја. Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, најсвесните македонски дејци ја преточиле вековната жед и желба за слобода во организирано дело, а стремежот кон самобитност во решителна битка на смрт за сопствена држава. Во бурните историски времиња и тешки околности, водени од македонскиот непокор и од насушната потреба од пристоен човечки живот, тие го трасирале патот на македонската револуционерна борба. Но, што значи чествувањето на нивното дело ако не ги негуваме вредностите за кои се бореле? Пиететот кон предците има смисла само кога нивните високи и благородни идеали ги преточуваме во праведност, солидарност и посветеност на општото добро. Историското завештание не е само причина за гордост, туку и морална обврска да ја унапредуваме државата, да го штитиме човечкото достоинство и да создаваме општество во кое правото, правдата и моралот ќе бидат не само темелни вредности, туку и реалност. Ако револуционерниот порив некогаш се потврдувал со себежртвување за високи национални цели, денес се докажува со одлучно и чесно работење, интелектуална смелост и решителност за нужни реформи. Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме, да го продолжиме стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава. Нашиот долг кон предците е да го чествуваме споменот за нив, оддавајќи им должно признание, кон современиците да постапуваме со одговорност кон надлежностите и работните обврски, а кон идните поколенија – како гарантори на нивната сигурна иднина. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! д-р Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook