Дневен хороскоп за 20.јануари 2021 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 20.јануари 2021 година

Дневен хороскоп за среда, 20. јануари 2021 година. 

Дневен хороскоп за 20.јануари 2021 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано.

Кариера

Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено.

Здравје и совет

Понастрана од снобови.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка.

Кариера

Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди.

Здравје и совет

Немате грижи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие.

Кариера

Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети.

Здравје и совет

Не брзајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите.

Кариера

Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат.

Здравје и совет

Не зборувајте , доколку нема причина.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака.

Кариера

Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат.

Здравје и совет

Внимавајте на нервози и фрустрации.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат.

Кариера

На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува.

Здравје и совет

Формата ви е одлична.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања.

Кариера

За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи.

Здравје и совет

Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Полесно ќе воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства.

Кариера

Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи.

Здравје и совет

Немојте толку да се сомневате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост.

Кариера

Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат.

Здравје и совет

Сега знаете што сакате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко.

Кариера

Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат.

Здравје и совет

Проширете ги контактите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи.

Кариера

Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни.

Здравје и совет

Немојте да зборувате премногу.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета.

Кариера

Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати.

Здравје и совет

Вежбајте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилство низ Европа по натпреварот меѓу Мароко и Франција- полицајци спасуваат жива глава (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Франција го победи Мароко со 2:0 во четвртфиналето на Светското првенство. 

Насилство низ Европа по натпреварот меѓу Мароко и Франција- полицајци спасуваат жива глава (ВИДЕО)

Французите славеа со головите на Килијан Мбапе и Усман Дембеле. Во полуфиналето, Франција го чека подобриот од Шпанија и Белгија, кои ќе играат вечерва во 21:00 часот.

По победата на Франција, низ цела Европа избувнаа немири, главно предизвикани од Мароканци. Беше многу интензивно во Лондон, каде што полицајци беа снимени како бегаат од група демонстранти во претежно муслиманска населба. Еден полицаец беше повреден. Некој го удрил со шише во главата.

Демонстрантите, исто така, се побунија во Париз, каде што беа измешани навивачи на Франција и Мароко. Ова видео покажува како тие нападнаа полициско возило. Француската влада мобилизираше 20 илјади полицајци низ целата земја, од кои осум илјади само во Париз.

Напади врз полицајци низ Европа

Странските медиуми известуваат за немирите во холандските градови Амстердам, Ротердам, Хаг и германскиот Дизелдорф. Во Хаг, навивачите на Мароко фрлаа стаклени шишиња кон полицијата, а Амстердам објави дека се уапсени најмалку осум лица. Во Диселдорф, тројца полицајци беа повредени од пиротехнички средства фрлени кон нив од страна на мароканските навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Се проширува истрагата за ботоксите- приведени се три лица, од кои двајца доктори

Приведени се три лица, од кои двајца доктори.

ОЈО: Се проширува истрагата за ботоксите- приведени се три лица, од кои двајца доктори

Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца доктори.

Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост.

Предметот е оформен во април годинава кога беше донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против 17 физички и шест правни лица за кои постои основано сомневање дека се инволвирани во извршување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.

Истрагата продолжува во насока на целосно расчистување на сите околности на случајот и утврдување на евентуална инволвираност и на други лица, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место

Пратеникот од Демократската партија на Турците се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, со што владејачкото мнозинство сега брои 59 пратеници. 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место

Парламентарното мнозинство доби уште еден пратеник - Демократската партија на Турците се приклучи кон коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што оваа пратеничка група сега ќе брои 59 пратеници. ДПТМ ќе добие министерско место во Владиниот кабинет како и раководни позиции во одредени институции, најави премиерот Христијан Мицкоски.

„Членот во Владиниот кабинет и неговите обврски ќе бидат претставени пред јавноста и парламентарците следната недела. Ќе има поголем опсег портфолиото на членот на Владата кој што доаѓа од ДПТМ, ќе опфаќа повеќе области, но нема да застанеме тука. Јас очекувам дека ДПТМ ќе предложи сериозни кандидати кои што ќе бидат дел од другите институции и ќе предводат други институции.“

Името на новиот министер ќе биде познато следната недела, а коалициската соработка со ДПТМ ќе важи и за следните изборни циклуси, посочи премиерот. ДПТМ во Собранието е застапена преку пратеникот Бејџан Иљаз, кој беше избран како дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Сепак, партискиот лидер Зулфикар Зејнула, вели дека политичкото партнерство со ЕП е раскинато уште пред локалните избори и оттогаш во Собранието дејствуваат независно.

„Ние со Европскиот фронт пред година дена раскинавме договор, пред локални избори и година дена ДПТМ и во парламентот бевме како независна партија а исто така и во парламентот делувавме со пратеникот како независна партија. Затоа, не дека се направи пресврт, туку сега успеавме да се договориме и сега се направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за долги, долги години.“

Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши следната недела најпрвин со разрешување на дел од акутелните а потоа и со гласање на новите осум министри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер