ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
1ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
3Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
ХороскопДневен хороскоп за 20. јануари 2020 годинаДневен хороскоп за понеделник, 20. јануари 2020 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин. Кариера Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара. Здравје и совет Одморете се од преголемите очекувања. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени. Кариера Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат. Здравје и совет Продолжете понатаму . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика. Здравје и совет Ќе ја надминете малата меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава. Кариера направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење. Здравје и совет Вежбајте повеќе. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите. Кариера Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност. Здравје и совет Можни се интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта. Кариера Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите. Кариера Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност. Здравје и совет Добро ќе се држите. Лав 23.7-22.8. Љубов Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи. Кариера Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу. Здравје и совет Душевен немир. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра. Кариера Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа. Здравје и совет Зголемена општа сензуалност . Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов. Кариера Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното. Здравје и совет Ќе сонувате интересни сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание. Кариера Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни. Здравје и совет Дотерајте се за да блеснете уште повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат. Кариера Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите. Здравје и совет Почитувајте го своето тело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!Кого зафркавате и со чија интелигенција си подигрувате кога за само 24 часа сами си ја паѓате сопствената лага? Како раштиман оркестар сте – што воопшто правите на владина седница, дали министрите воопшто имаат поим што прават другите ресори, или воопшто не ги интересира и се на некој светски конгрес додека ја бламираат целата држава? На 28 октомври премиерот Христијан Мицкоски се сликаше на гламурозна скапо платена претстава и триумфално ја промовираше апликацијата „м.Услуги“, ветувајќи му на народот крај на шалтерите и дигитални документи на мобилен. Но, само ден подоцна, бледата реалност ја спушти рампата: министерот Стефан Андоновски излезе и ладнокрвно соопшти дека дигиталната лична карта и возачка дозвола не важат при полициска контрола, бидејќи МВР и институциите воопшто не се подготвени! ЛДП бара јавен одговор на прашањата: Колку народни пари чинеше оваа скапа промотивна фарса за џабе, кога електронските документи на мобилен не можат да се користат на терен? Кој ќе понесе одговорност за оваа скандалозна некоординираност на владата? Ќе понесе ли некој одговорност за ова ново јавно бламирање на премиерот и целата владина машинерија? Можеби она што треба јавноста да го дознае многу брзо: Дали некој намерно го мести премиерот во сопствената партија, бидејќи ова веќе е чисто лудило – еден ден едно, друг ден друго и тоа за секое живо прашање? „Ова е врв на несериозност и политичко аматерство! Граѓаните се уморија од евтини ПР-трикови, празни QR-кодови и фешти каде се делат лажни надежи. Додека министрите се сликаат за лајкови, граѓанинот и понатаму мора да ја носи пластичната лична карта за секој случај и да истражува по шалтерите каде што државата е дигитална, а каде заглавена во камено време. Доста со лажни паралелни реалности – или направете функционален систем кој работи за народот, или престанете да го малтретирате со секојдневни бламажи“, вели Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). ЛДП бара итна одговорност и престанок на овие евтини дигитални маскаради. Државата не е циркус за промотивни видеа, а граѓаните заслужуваат сериозни институции, а не министерство за чист ПР!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЗабаваФото: Серена Вилијамс изненади во најсекси фустанот досега Најтрофејната светска тенисерка во историјата, Американката Серена Вилијамс не престанува да ја изненадува јавноста со своите смели и необични појавувања за неа. Откако се повлече од спортот, славната тенисерка му се посвети на семејството и децата, но и на значајни настани во светот на модата. Често ја гледаме на разни настани и не е тајна дека таа привлекува внимание со својата послаба фигура. Неодамна таа присуствуваше на свечена вечера во Лос Анџелес, а за таа пригода го облече најпровокативниот и најпопуларниот дезен оваа сезона. Станува збор за животински принт, во овој случај леопард-дезен, кој совршено го истакна нејзиниот секси изглед. Како што можете да забележите, за оваа пригода Серена одбра фустан со нагласен струк, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, а е дело на британската дизајнерка Клио Пепијат. Фустанот има и длабок шлиц на бутот, кој додава „зачин“ на ова секси издание, како и длабоко деколте кое едвај ги задржуваше градите на место. Серена го заокружи своето сензуално издание со ненаметливи додатоци, но и со брановидна фризура. Може да се заклучи дека поранешната тенисерка „доминираше“ на овој настан.Тагови: Серена Вилијамс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНикол Кидман предизвика коментари: Фотошоп или вештачка интелигенција?Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман се појави на насловната страница на австралиското издание на „Вог“ (Vogue), што предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е користена вештачка интелигенција при уредувањето на фотографиите. Познатата холивудска ѕвезда позира во многу младешки комбинации и изгледа неверојатно младо – иако има 59 години – поради што многу корисници на интернет заклучија дека вештачката интелигенција можеби имала удел во тоа. Никол е прикажана во црн костим за капење од „Шанел“, фармерки со низок струк од истиот бренд, елегантен фустан, како и комплет што се состои од капа и горен дел, меѓу другите изданија. Во преден план се нејзините извајани стомачни мускули, косата со „ефект на влажен изглед“ и младешкото лице, а секоја од комбинациите зрачи со гламур. Нејасно е дали сликите се обработени во „Фотошоп“ или се создадени со помош на вештачка интелигенција, како што шпекулираат корисниците на социјалните мрежи. Многумина се согласуваат дека „таа изгледа како да има 35 години“ и дека нејзината облека во „тинејџерски стил“ не е соодветна за нејзината возраст, пренесува „Superžena“. „Ја обожавам Никол, но овие фотографии се толку очигледно обработени во ’Фотошоп‘ што е смешно“, како и „Телото ѝ е одлично, но облеката повеќе му прилега на тинејџер“, гласеа некои од коментарите – додека други беа воодушевени од фотографиите, фалејќи го изгледот на актерката: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“, „Фантастична е!“ и „Само продолжете да ѝ завидувате“.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter