3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
2Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство
ХороскопДневен хороскоп за 20. февруари 2022 годинаДневен хороскоп за недела , 20. февруари 2022 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате дека сте се посилни , можноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗлатко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селекторНа денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“. Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година. Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година. „Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот. Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир. Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити. Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините, На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради. Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија. Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол. Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенствоМегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS. Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“. Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ. Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter