Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи
2Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи
3Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот
ХороскопДневен хороскоп за 20 . февруари 2021 година Дневен хороскоп за сабота, 20. февруари 2021 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чивајте се од провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКристијано Роналдо доведе нов селектор, а сите очекуваа дека ќе се пензионира?!Капитенот на Португалија, светската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо доведе нов селектор по оставката на Мартинез, иако поголем дел од јавноста очекуваше дека тој ќе се пензионира, но изгледа дека 41 годишниот фудбалер сè уште размислува на така. Новиот селектор на Португалија ќе биде легендарниот Жорж Жезус. Може да се случи Кристијано Роналдо да не се откаже од португалската репрезентација, особено затоа што неговиот тренер од Ал Наср, Жорж Жезус, ќе биде назначен за нов селектор. Искусниот 71-годишен стручњак од Португалија им ги украде титулите на Ал Наср и Роналдо во Саудиска Арабија , а потоа кога беше отпуштен, го презеде тимот на Роналдо и му ја донесе титулата. Иако ги тренираше Брага, Бенфика, Спортинг, Фенербахче, тој рече дека тоа е најголемиот предизвик во неговата кариера. Откако беше елиминиран од Светското првенство во осминафиналето од Шпанија, поранешниот селектор Роберто Мартинез поднесе оставка, а многумина сметаа дека по повеќе од две децении, 233 натпревари и 146 гола, време е Кристијано да ја заврши својата репрезентативна кариера. Сепак, на 41 година, се чини дека не се откажува, бидејќи се чини дека е донесен селектор по негов вкус. Поранешниот просечен фудбалер, Жорж Жезус стана врвен тренер и раководеше со речиси сите важни португалски клубови - од Мадеира, Естрела Амадора, Виторија Сетубал, Виторија Гимараеш, Униао Леирија и Мореиренсе до Брага, Бенфика и Спортинг. Во странство работеше само во Ал Хилал, Ал Наср, Фенербахче, а освен домашни титули го освои и Купот Интертото во 2008 година.Тагови: Кристијано Роналдо Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економијаММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово.Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе расте само 3 проценти. Пред Македонија се Албанија со 3,19 проценти, Србија со 3,5 проценти, Молдавија, Украина, Косово со 3,95 проценти. Ова е реалноста и вистината. Сè друго беа политички лаги. Впрочем граѓаните тоа најдобро го знаат и го чувствуваат со своите празни паричници и празни фрижидери. Мицкоски со лаги дојде на власт, со лаги владее. Ветуваше дека економијата ќе биде „тигар“, ветуваше „инвестициски бум“, ветуваше подобар животен стандард. Ништо не исполни. Две години подоцна, резултатите се поразителни, а цената ја плаќаат граѓаните – со празни џебови и сè потежок живот. По две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, економските показатели се катастрофални. Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – еден од најлошите резултати во регионот. Индустриското производство во мај падна за 2%. Бројот на работници во индустријата е намален за 2,6% во мај годинава споредено со истиот период лани. Граѓаните живеат крпен живот – потрошувачката кошничка е скоро 70.000 денари само за основни трошоци. Пензискиот фонд е во катастрофална состојба, дупката продлабочена за 40%, а власта го загрози и вториот пензиски фонд – оваа Влада ја доведе во ризик исплатат не само на сегашните, туку и на идните пензионери. Буџетот е празен, нема пари. На средина од годината го истрошија целиот дефицит. Единствено нешто во што оваа Влада е успешна – се задолжувањата. Таму им нема конкуренција – за две години направија нов долг од 2,5 милијарди евра. Јавниот долг се искачи на скоро 11 милијарди евра – пари од кои ништо нема за граѓаните, има само за криминалните партиски тендери на ВМРО. Мицкоски сам си се разобличи и со ребаланост – тој е јасно признание за промашени политики, за тотален колапс. Се кратат пари токму таму каде што се создава економска вредност, кај поддршката на компаниите, младите, социјално ранливите граѓани и друго. Само не се крати од луксузот на власта. Со коригираната инфлација од 4,5%, власта признава дека граѓаните ги чека уште поскап и потежок живот. Домашното задолжување неконтролирано расте и со ова темпо до крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП. Со Мицкоски и неговата расипничка Влада, Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа власт ниту има развојна стратегија, ниту сака да им помогне на граѓаните. Наташа Поповиќ СДСМ Скопје, 09.07.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзиСДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус меѓу политичките партии.СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус помеѓу политичките партии. Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон. Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Вистинската причина за блокирање на ИЗ е токму стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори. СДС пак, откако увидоа дека Левица го блокира ИЗ, и тие да не останат покуси, најдоа начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, и како што велат, гласањето на дијаспората по електронски пат, односно дека тој чин бил недемократски и неевропски. Секако и за СДС, ВМРО-ДПМНЕ е виновно. Вистинската причина и тука е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори. ДУИ пак од трета страна се приклучува на блокирање на овој процес, со барање да сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот начин кој е демократски, односно мнозински модел. И тука, вистинската причина е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажа, се она што ќе го побараат и договорат опозициските партии ние ќе го прифатиме, само да се олесни начинот на гласање на дијаспората. Со ова однесување на опозицијата, се докажува дека за нив дијаспората и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина не им е од интерес, туку ги интересираат само партиските интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter