ХороскопДневен хороскоп за 20. декември 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 20. декември 2025 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска веројатно ќе ве окупира пријател или пријателка , која ќе ве поттикне на нова фаза на личните односи. Кариера Оние кои имаат таква работа , на која се во движење , денеска ќе уживаат во секој момент. Другите ќе имаат потреба за движење и за зајакнување на контактите. Здравје и совет Поинтересни сте од повеќето. Искористете го тоа. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некои би можеле да склопат познанство со личност која е постара од нив. Ќе ви упати конструктивна критика. Кариера Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете се повеќе и подобро. Затоа знаете дека резултатите нема да изостанат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Непобитен факт е дека сте голем заводник/заводничка и денеска повторно ќес е покажете на дело. Ќе бидете задоволни. Кариера Она поради што неодамна се расправавте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје и совет Ќе бидете заплеткани во големо друштво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не сте задоволни од состојбата , денот е добар за привремено повлекување во самотија. Кариера Можни се мали проблеми со младите лица на работното место. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажуваат размазеност. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што ќе се случува денеска , ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Веројатен е трошок , на кој не сте сметале ни вие ниту вашите соработници. Ќе се снаоѓате некако со моментално решение. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Бик 21.4- 20.5. Љубов Скриено или отворено , вие ќе настојувате да дојдете до љубов. Во тоа ќе ви помогнат блиски луѓе , на кои секогаш може да сметате. Кариера Кога станува збор за деловни контакти и договори ,. ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Проширете си ги хоризонтите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пријатни сте за околината , ве ценат и сакаат , зрачите со самодоверба. Сите тие се добитни комбинации за љубов. Кариера Пари и комуникации ќе бидат главно обележје на денот. Главно добро ќе се снаоѓате. Здравје и совет Чувајте се од провев. Рак 22.6-22.7. Љубов Навиката е работа што може да биде добра или лоша. Немојте да се навикнувате на осаменоста , зашто овој период набргу ќе помине. Кариера Денеска би можело да се случи оној ,,клик” , кога сите работи си доаѓаат на своето место. Здравје и совет Во одлична форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат нагли и непромислени. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера По прашање на стручноста ќе нема никакви колебања и вие ќе делуварте професионално според вашите знаења. Здравје и совет Понекогаш сте премногу сигурни во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се обидете да најдете една стара тема во односот со саканата личност, таа малку ќе ве вознемири , но врската и натаму ви е добра. Кариера Цело време нешто ве принудува да одите некаде , но од својата кожа не се може. Истото важи и за работните задачи кои ви се дадени. Здравје и совет Продолжете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можна е заедничка вечера , на која по кој знае кој пат ќе почуствувате дека љубовта оди низ желудникот. Ќе ви биде убаво. Кариера Се што ќе работите денеска , ќе содржи јасна порака дека вашето влијание е неприкосновено. Со задоволство ќе соработуваат. Здравје и совет Со сите сили почнете да штедите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и во уживање во неа. Другата страна ќе ви враќа со љубов и тука е среќата. Кариера Меѓу работата и љубовта , ќе ги изберете и двете. Денеска е таков ден што ќе споите едно со друго. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Здравје и совет Свртете се кон интроспекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаНиколоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народИлинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денеска во истиот тој дух ја градиме Македонија преку проекти, автопати и железници на целата територија.Од Крушево, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Николоски: Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. Втори август - Илинден е доказ за борбата на македонскиот народ, за своја самобитност и за своја државност, идеал кој што почна да се гради некаде во 19. век преку преродбата, понатака двете македонски востанија, Кресненското и Разловечкото, ја имаше својата круна на Илинденското востание во 1903 година, понатака преку Антифашистичката борба во Втората светска војна и АСНОМ на 2.август 1944 година, и својата кулминација ја доживеа на 8. Септември 1991 година кога Македонија прогласи независност. Овој политичко-правен континуитет е јасен доказ за борбата на македонскиот народ за своја држава и за своја самобитност. Денес Македонија ја градиме како модерна европска држава, денес Македонија се гради како никогаш претходно, нема дел од државата во којшто не се реализираат проекти, дали се тоа преку 1200 општински проекти, дали се големите инвестиции во железницата и автопатиштата. Македонија во моментов како никогаш претходно гради 6 автопати, гради железница на Коридорот 8, а за брзо ќе почне и на Коридорот 10, Македонија ги развива своите аеродроми, целосно го реконструира и надградува охридскиот аеродром, расте скопскиот аеродром, со најголем раст од цела југоисточна Европа, и така ќе продолжиме да работиме и во периодот кој што е пред нас. Затоа што само инвестициите, само работата, ќе го зајакната темелот на македонската држава, ќе го постават темелот на македонскиот народ, и на сите кои што живеат во Македонија, онаму каде што му е местото, а тоа меѓу најразвиените европски нации. Поклон кон жртвата на хероите, денеска треба да се сеќаваме на нив, како и секој друг ден и тие да ни се водилка за се' она што го правиме за Македонија.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија.Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет. Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и градиме со чест, достоинство и љубов. Честит 2-ри Август, Ден на Републиката! Нека е вечна!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСеверна Кореја и Русија градат мистериозен мост Дали Путин и Ким Џонг Ун кројат нови планови? Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост – западните разузнавачки служби предупредуваат: што се крие зад овој голем проект?Изградбата на мост меѓу Северна Кореја и Русија официјално треба да ја олесни економската соработка и туристичката размена, но според истражувањето на украинската организација „Truth Hounds“, неговата вистинска намена би можела да биде сосема поинаква. Според истражувачите, мостот би можел да биде дел од стратешката воена инфраструктура. Мостот преку реката Тумен, кој ќе го поврзува рускиот град Хасан на далечниот исток на земјата со севернокорејскиот град Туманганг, ќе биде првата патна врска меѓу двете земји. Според весникот „Гардијан“, Пјонгјанг веќе го завршил својот дел од проектот, додека работите на руската страна привремено забавиле, но објектот е речиси готов. Истражувањето на „Truth Hounds“ укажува на тоа дека, спротивно на тврдењата на Москва и Пјонгјанг, мостот можеби не е наменет за поттикнување на трговијата, туку за воспоставување дискретен воен логистички коридор. Како што потсетува „Гардијан“, ниту руските ниту севернокорејските власти не ја криеја изградбата на мостот. Тие тврдеа дека целта на проектот е проширување на соработката во трговијата и туризмот. За ова зборуваа рускиот министер за транспорт Андреј Никитин, како и севернокорејската државна новинска агенција KCNA, наведувајќи дека новиот премин ќе придонесе за развојот на пограничните области. Изградбата на мостот се проценува на повеќе од 100 милиони долари, додека вкупната трговска размена меѓу двете земји во текот на 2024 година изнесувала само 34 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35