ХороскопДневен хороскоп за 20. декември 2020 годинаДневен хороскоп за недела, 20 . декември 2020 година.Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте. Кариера Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат. Здравје и совет Малите грижи уште повеќе се намалуваат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно , но односите се површни. Кариера Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични , а можни се и грешки. Здравје и совет Размислете за своите достигнувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава. Кариера Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи , туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право. Здравје и совет Држете се до познатите навики. Овен 21.3-20.4. Љубов Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри. Кариера Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства. Здравје и совет Немојте да бидете премногу дрски. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав. Кариера Некој сепак ќе мора да попушти , а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас. Здравје и совет Преоден пад на имунитетот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места. Кариера Оние кои работат креативна работа , ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат. Здравје и совет Неопходно ви е релаксирање. Рак 22.6-22.7. Љубов Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени. Здравје и совет Верувајте му на вашето шесто чуло. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво. Кариера Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате. Кариера Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма. Кариера Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник. Здравје и совет Вежбајте дисциплина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи , а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата. Кариера Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
Здравје16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар 16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија. Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата. Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрви парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот. -Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху. -Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот. Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата. Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа. -Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно. -На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел. -Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени. -Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта. 7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето. Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденцииНе смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ. Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот. Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter