ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 20. август 2019 годинаДневен хороскоп за вторник , 20. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете позитивни во вашите љубовн9 намери без оглед на ситуацијата што не е на ваша страна. Кариера Веќе ви се доволни постојаните акции на вашите надредени , а денеска нема да можете да избегнете уште една. Прифатете ја без премногу прашања. Здравје и совет Внесете ведар дух каде и да одите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани. Ќе успеете да постигнете она што сте го посакувале. Кариера Подготвени сте времено да се повлечете , зашто насетувате дека така повеќе би ви одговарало. На некој начин сте во право. Здравје и совет Прифатете го она што доаѓа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Партнерот денеска може да ве изнервира , зашто ќе има сосема контрадикторни барања и ставови. Останете мирни. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат дека се малку , но треба да разберете дека тоа не е цел самата по себе. Поважно е да го работите она што го сакате. Здравје и совет Недостиг на енергија и нерви.Одморете се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Колку и да се трудите денеска, во душата ќе чувствувате празнина , а љубовниот живот ќе ви се чини нецелосен. Кариера Се повеќе работи што ви одат од рака, го прават работењето на вашето работно место уште попријатно.Но , вие и натаму не запирате. Здравје и совет Размислете за диета. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скриено катче сами со себеси.Тоа ќе биде само преодно расположение. Кариера На дневен ред доаѓаат вложувачи. Со нив денеска ќе има преговарања и мали натегања , но во позитивна смисла. Здравје и совет Зголемен интерес за козметика. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони од глушец да правите слон , а се ќе биде резултат на вашата фантазија. Не е идеално , но далеку е од она што го очекувате. Кариера Има голема веројатност за успешен договор или одобрување во врска со конкретен проект. Тоа ќе ве расположи. Здравје и совет Може малку да се одморите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малата меланхолија ќе ја сузбиете доколку излезете во друштво. Таму ве очекуваат убави изненадувања и уживање. Кариера Оние кои може да влијаат на работата што ја работите денеска ќе ви бидат многу наклонети , па лесно ќе договарате нови потфати. Здравје и совет Тренирајте дипломатија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина денеска ќе паднат во стапица , од која тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот. Кариера Доколку се отворите кон своите соработници , ќе ви биде полесно да работите. Обидете се грижите да ги свртите на шега. Здравје и совет Попладне опуштете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои и натаму се заглавени во лавиринт. Други ќе тргнат , иако несигурно. Трети ќе мисклат дека сето тоа нема смисла. Кариера Ќе бидете растргнати меѓу желбите и можностите. На вас е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Добро би ви дошол малку повеќе сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Нема нешто што не би можеле да го направите за саканата личност . И самите се чудите како се ви оди од рака. Кариера Ако некои луѓе ви изгледаат глупави, не мора тоа отворено да им го кажете. Никој не е совршен , а со такви треба да се знае умно да се постапува. Здравје и совет Вежбајте јога. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Секаков вид на пријателски или неврзан контакт , денеска би можел да ви биде интересен и да ве исполнува. Кариера Постојат уште некои договори што не се многу важни , но треба да се одработат до крај. Денеска ќе се занимавате со нив. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Некои ќе мислат дека сега би можеле се , но сепак постојат ограничувања , што се однесуваат на пристојно однесување или почитување на другите. Кариера На работното место ќе покажете завидни резултати , а на тоа најмногу ќе придонесе вашата интуиција. Послушајте ја. Здравје и совет Ќе бидете задоволни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter