3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ХороскопДневен хороскоп за 20. април 2023 година Дневен хороскоп за четврток, 20. април 2023 година. Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добо ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Важно е работите да се согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветЗеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето местоПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи Кримскиот мост за префрлање голема количина воена опрема на тој полуостров и додаде дека мостот „нема да остане на своето место“.Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“. „Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски. Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане. Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“. Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.Тагови: Володимир Зеленски Крим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но... Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција . Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант! НБА ѕвездата Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство, и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан. Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс. Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции. JAMES HARDEN. 51 POINTS. IT'S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯 CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk — NBA (@NBA) November 21, 2026 Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08